Вкупен буџет: 3.156.560
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

МЗМП е невладина, непрофитна и непартиска професионална организација на правници, чија главна мотивација за основање беше да се пополни празнината која се јавуваше по завршување на студиите на правните факултети во смисла на пристап до можности за пракса и дополнителна обука која би ги подготвила правниците за поуспешно барање работа во некоја од правничките професии. Оваа мотивација се надополни со мотивација за зајакнување на придонесот на младите правници во унапредувањето на правничката професија, заштита на човековите права и остварување на принципот на владеење на правото.

Визија: МЗМП е лидер во обединување и претставување на младите правници кој ги промовира и заштитува човековите права и принципот на владеење на правото.

Мисија: МЗМП ги застапува интересите и работи на подигнување на капацитетите, квалитетот и професионалноста на младите правници преку нивно вмрежување и континуирана едукација. МЗМП користејќи го знаењето, капацитетите и иновативноста на младите правници обезбедува професионални услуги во областа на заштита на човековите права и владеењето на правото.

Конституенти

Конститутиенти на МЗМП се: младите правници, лицата чии човекови права се повредени, адвокатите кои го поддржуваат МЗМП, студентски организации од областа на правото, припадници на ранливи категории кои имаат потреба од правна помош, професионални организации на правници и сл.

Претходно искуство/проекти

Македонското здружение на млади правници континуирано работи на:

  • Обезбедување на бесплатна правна помош за маргинализирани и ранливи категории на граѓани;
  • Правна заштита и застапување на лица без државјанство; Бегалци и баратели на азил;
  • Спречување и заштита од нееднаков третман и дискриминација;
  • Заштита на човекови права преку водење на постапки за стратешко застапување и владеење на правото.

Веб страница