МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА ЖЕНСКИ ПРАВА-ШЕЛТЕР ЦЕНТАР
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.794.280
Времетраење: 01.7.2016 – 30.6.2017
Македонскиот центар за женски права- Шелтер центар е невладина, непрофитна и непартиска организација, основа на 5ти февруари 2001 г., во чиj фокус е афирмација, имплементација и заштита на женските права.
Мисија – придонес кон отстранување на долготрајното запоставување на женските човекови права во македонското општество преку обезбедување на поддршка, насоки, одбрана и промовирање на развојот на социјален, политички и правен систем во кој човековите права, како и женските права се добро заштитени.
Визија – обезбедување на женските права во Македонија преку елиминација на дискриминација против жени и искоренување на насилство врз жените во секој аспект од македонското општество.
Конституенти
Корисниците на програмските активности кои што ги спроведува организацијата; раководната структура на организацијата; тимот кој што е ангажиран, институциите со кои организацијата има постојана соработка; други сродни граѓански организации, медиумите и донаторите.
Претходно искуство
- Поддршка за инклузија на жените Ромки и жените од другите етнички заедници на пазарот на трудот
- Брилијантни претприемачки – Тренинг за жени претприемачки во Македонија, Албанија и Косово
- Мониторинг на работата на Комисијата за заштита од дискриминација и судските постапки поведени согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Економско зајакнување и психо-социјална поддршка на невработени самохрани мајки
За што е потребна акцијата
Проблемите на самохраното родителство, системот не ги препознава. Самохраниот родител се соочува со решавање на станбено прашање, вработување особено на смени, дискриминација при вработување, недостаток на пари, проблеми со алиментација, помош од другиот родител во грижата и растењето на детето. Во борбата за достоинствен живот самохраните мајки се организираат преку разни социјални мрежи. Но за жал освен размена на информации тие реално не можат да си го олеснат секојдневието и да ги надминат проблемите.
Според информации од самохрани мајки, од медиумите и форумите на социјалните мрежи на самохраните мајки потребни им се вработување, дополнителни приходи и малку повеќе време за себе, што е многу важно за психофизичката состојба на жената самохрана мајка.
Цели и резултати
Општа цел – Поддршка и интеграција на невработени самохрани мајки на пазарот на труд.
Специфична цел –
Да се обезбеди поддршка, менторство и едукација на невработените самохрани мајки (40 жени од Скопје, Битола, Куманово и Тетово) преку психо-социјална поддршка и обуки за полесно вклучување и интеграција на пазарот на труд.
Резултати
- Формирана група од 40 невработени самохрани мајки
- Подготвени 40 индивидуални проценки за корисничките за нивните вештини
- 40 обучени жени во следниве области: развој на кариера, водење сопствен бизнис, економско јакнење, родова еднаквост и родово базирано насилство, психо-социјална советодавна работа, презентација на мерки за самовработување, менторство
- 40 жени со зајакната лична самодоверба
- 10% вработени жени од вкупниот број на кориснички
- Публикувани приказни за најуспешни кориснички.
Активности
- Формирање и координација на проектен тим и проектни активности
- Контакт и информирање на невладини организации од РМ кои работат на иста или слична проблематика со цел вмрежување и соодветно детектирање на целната група
- Дефинирање на целна група, 40 самохрани невработени мајки од Скопје, Куманово, Битола и Тетово преку панел дискусии во секој град по една
- Индивидуална проценка на потенцијалните кориснички на проектот
- Менторирање на 40 жени, идентификување на соодветни менторки (по две менторки од секој град) со цел поддршка на целната група
- Подготовка на обуки за развој на кариера, водење сопствен бизнис, економско јакнење, родова еднаквост и родово базирано насилство, психо-социјална советодавна работа, презентација на мерки за самовработување и субвенционирано вработување кај работодавец, менторство
- Посредување при вработување
- Организирање на настани за лобирање, застапување и вмрежување помеѓу корисниците, Донатор, ресорни министерства и ГО
- Поддршка на корисничките во процес на евентуално вработување, менторирање и посредување при барање работа, креирање сопствен бизнис или вработување кај работодавец
- Подготовка на публикација и публикување на најуспешни примери на самохрани невработени мајки кои добиле поддршка преку овој проект за нивно вработување
- Организирање на финален настан со прес-конференција.