Македонскиот центар за култура и развој е национална граѓанска организација формирана во 1997 година чија основна цел е развој на Република Македонија и нејзино квалитетно вмрежување со современиот свет. МЦКР имаше три фази на развој. Во првите години интензивно се работеше на отворање претставништво во Њујорк што се финализираше во 1999 година. Претставништво функционираше една година, а беа остварени контакти со најзначајните меѓународни институции и организации од светот како што беше ECOSOC, граѓанскиот сегмент на Обединетите Нации, УНИЦЕР, УНДП и долга листа на меѓународни организации. Ова е и период на градење на вкупниот имиџ на организацијата. Оваа прва фаза заврши во 2000 година, со прифаќањето на предизвикот за учество во првата FARE Акциска недела. Во целиот период на постоење МЦКР постојано работи на различни помали проекти и програми поврзани со развојот на културата во земја.

Конституенти

Млади пензионирани полицајци и вршители на врвни функции во министерството за внатрешни работи, активни и поранешни врвни спортисти, спортски федерации во земјата, oпштините во Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за млади и спорт, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, 30 навивачки групи, културните работници и културните институции, децата и младите.

Наслов

Превенција од насилства за време на избори

За што е потребна акцијата

Вонредните парламентарни избори, согласно пржинскиот договор беа закажани и во два наврати одложувани. Државата е во сериозна политичка криза и изборите како единствен легитимен начин за нејзино разрешување ќе се случат, порано или подоцна. Во оваа смисла се и вкупните препораки за вклучување на граѓанското општество во процесот, прецизно добиени од Европската Унија и од САД. Активноста на МЦКР и особено на проектот „Граѓанска превенција“ како и овој конкретен проект „Превенција од насилства на изборите“ се прецизен придонес во насока на препораките, и колку порано се реализираат, толку ќе биде поголем и подобар вкупниот ефект. Инфраструктурата, комуникациските канали, алатките и телата што ќе бидат создадени со реализацијата на овој проект ќе бидат особено корисни за одржувањето на сите избори.

Цели и резултати

Цел

Целта на проектот е избори без насилство.

Резултати

  1. Мирни избори без насилство, човечки жртви и материјална штета
  2. Тесна координација помеѓу сите политички партии, во процесот на „техничко“ организирање на кампањите, планирање на рутите на движење на изборните каравани и избегнување на „допир“ помеѓу караваните
  3. Потпишан „Кодекс за превенција за време на избори“
  4. Следење на изборниот ден и на вкупните избори од аспект на превенцијата
  5. Документирање на сите активности, снимање филм и публикување на јутјуб.

Активности

  1. Акредитирање за следење на изборниот процес во Државната изборна комисија со 60 посматрачи
  2. Едукација на посматрачите во сите 35 општини и во Градот Скопје
  3. Средби и разговори со сите релевантни политички субјекти пред одржувањето на изборите
  4. Средби и разговори со сите релевантни претставници на меѓународните организации кои го следат изборниот процес
  5. Средби и разговори со невладините организации кои учествуваат во изборниот процес
  6. Презентирање на Кодексот за превенција за време на избори и покана до сите политички партии истиот суштински да го усвојат во процесот на реализација на политичката кампања
  7. Мониторирање на вкупниот изборен процес и нивото на придржување на политичките партии кон Кодексот за превенција за време на изборите
  8. Следење на изборниот ден и известување на јавноста на прес-конференции за текот на изборите, на следните парламентарни избори
  9. Средби и разговори со сите релевантни политички субјекти по одржувањето на изборите
  10. Документирање на вкупното однесување на политичките партии од аспект на нивната превенција во вкупниот изборен процес, снимање филм и негово публикување на јутјуб
  11. Усвојување и публикување на Извештај за превенцијата за време на избори и доставување на извештајот до сите учесници во изборниот процес во земјата и до релевантните меѓународни субјекти кои го следат изборниот процес.

Буџет

399.500,00 МКД