Македонски центар за европско образование
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.800.000
Времетраење: 01.8.2015 – 31.12.2016
Мaкедонскиот центар за европско образование е основан во 2002 г. и го поддржува процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија преку професионални обуки, лобирање за промени, регионална соработка, истражувања и развој на јавни политики.
Конституенти
Членови, волонтери, јавна администрација, локална самоуправа, НВО, политички партии, судство, женски и ромски организации, новинари итн.
Претходно искуство
- Мрежа од граѓански организации за ефикасно активно учество (ЕУ)
- Акциска мрежа за добро владеење (ЕУ)
- Еврометар (Тинк тенк фонд)
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
„Трансфер на знаење за политиките на ЕУ за намалување на разликите меѓу граѓанските организации од скопскиот и другите плански региони“ (Акроним: TEUCSO)
За што е потребна акцијата
Оваа акција треба да ја подобри дискусијата за општинските и регионалните развојни планови со вклучување на претставниците на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки и охрабрување на граѓаните да бидат навремено известени и ефикасно да се вклучени во секоја фаза.
Со активностите ќе се зајакнат капацитетите на ГО кои во иднина ќе доведат до позитивен напредок во локалните средини. Локалните ГО ќе можат активно да влијаат на донесувањето на одлуки преку вештините кои ќе ги стекнат за времетраењето на проектот
Цели и резултати
Општа цел – Придонес кон зајакнување на учеството на граѓанското општество на локално ниво при креирањето на политики и механизми на донесување одлуки.
Специфична цел – Граѓански ангажман на локално ниво со практикување на вредности на ЕУ за позитивна општествена промена во Македонија, преку евро интегративниот процес во поглавјата 23 – Судство и темелни права; 19 – Социјална политика и вработување, и 8- Политика на конкуренција.
Резултати
- Зголемени капацитети на 8 локални граѓански организации, од секој плански регион преку обука и менторство;
- Спроведени 8 локални иницијативи во секој плански регион за тематските области: (1) Судство и темелни права; (2) социјална политика и вработување, и (3) политика на конкуренција;
- Основана платформа на локални организации за застапувањена ЕУ вредности меѓу конституенти и засегнатистрани на локално ниво;
- Дисеминирано знаење за вредностите на ЕУ во однос на избраните тематски области на локално и национално ниво.
Активности
- Проценка на состојбата и изработка на акциски план;
- Поведување на иницијативи за граѓанско учество со ЕУ вредности на локално ниво;
- Средби на локално ниво;
- Креирање на платформа;
- Административна активности.