Македонската асоцијација на земјоделски задруги е доброволно, непартиско, невладино и непрофитно здружение кое има за цел да ги заштитува интересите на земјоделските задруги во Република Македонија и да го промовира задружното движење. Врз основа на задружните принципи: Доброволно членство, Солидарно членство, Демократско управување, Рамноправност, Самостојност, Меѓународна соработка и Грижа за заедницата – Македонската асоцијација на земјоделски задруги претставува основен фактор за надминување на проблемите со кои се соочуват македонските замјоделци и единствена чадор организација која работи на зголемување на свеста на земјоделците за придобивките од кооперативното здружување.

Општо земено, организацијата влијае на јавното мислење и, следејќи ја економската и политичката ситуација, навремено реагира со презентирање на клучните прашања за развој на земјоделството до релевантните институции.

Конституенти

Индивидуални земјоделци и претставници на веќе постоечки кооперативи (членки на МАЗЗ) од сите 8 плански региони во РМ.

Наслов

ДА ИЗГРАДИМЕ КООПЕРАТИВНО ОПШТЕСТВО

За што е потребна акцијата

Во Македонија земјоделските задруги имаат учество во вкупниот земјоделски сектор помалку од 1% што е на исклучително ниско ниво споредено со земјоделските задруги на членките на ЕУ. Здружувањето на земјоделците претставува клучен услов за зголемување на конкурентноста, овозможување на повисока преговарачка моќ на земјоделците, зголемување на квалитетот и комерцијализација на земјоделското производство во Македонија. Свеста на земјоделците за придобивките и можностите преку здружување во земјоделски задруги е на исклучително ниско ниво. Најголемиот дел од нив гледаат кон здружувањето со недоверба и не се запознаени со придобките и поволностите што се нудат преку нив и преку законската регулатива. Дополнително, постоечките регистрирани земјоделски задруги немаат капацитети за стабилен институционален развој, дефинирање на организациска структура, формирање на стратегија, финансиско работење и одржливост. Покрај ниската свест, и неусогласеноста на повеќе законски регулативи негативно влијае врз земјоделското здружување. Усогласување на регулативата на земјоделските задруги (како Законот за задруги, Законот за земоделски задруги и Законот за земојделство и рурален развој) е потребна. Конечно, потребна е активна организација на земјоделци и земјоделски задруги која ќе ги застапува интересите на земјоделските задруги и ќе лобира за нив кај националните институции.

Цели и резултати

Цел

Генерална цел на овој проект е придонес кон поттикнување на позитивна општествена промена во земјоделскиот сектор. Специфични цели се зголемување на свеста на земјоделците за придобивките од кооперативното здружување и создавање на подобра идеја за содржината и формата на функционалната соработка во земјоделството, европски ориентираните очекувања на законот и условите за започнување на нивно претставување на национално ниво како и придонес кон подобра регулатива и застапеност.

Резултати

  • Зголемена свест кај земјоделците и поттикнување на „земјоделското граѓанство“ преку здружување во земјоделски задруги;
  • Зголемени можности за партиципативен и здружен развој на земјоделците преку институционален развој, стратегиски и финансиски менаџмент на земјоделските задруги;
  • Поднесена иницијатива која води кон позитивна промена на законска легислатива за измена и дополнување на Законот за земјоделски задруги.
  • Активна и зајакната земјоделска организација која ќе биде претставник на земјоделските задруги за консултации и инцирање одлуки во различни национални државни инстанци за прашања поврзани со задругарството.

Активности

  1. Организирана работилница за промоција на кооперативното движење со седумте меѓународни принципи и административните процеси поврзани со регистарција на кооперативи за индивидуални земјоделци;
  2. Организирана работилница за финансиско работење на кооперативи, законска легислатива, лидерство и управување вклучувајќи градење на консензус, организациона структура, раст, улоги и посветеност на членството, синџир на набавки и маркетинг за претставници на веќе постоечки кооперативи – членки на МАЗЗ
  3. Изработка на предлог програма за дополнување и измена на Законот за задруги и доставена до МЗШВ
  4. Организирање на регионална конференција за пренесување на позитивните искуства од кооперативното движење во соседните земји на која би присуствувале задружни сојузи од регионот, претставници на домашни релевантни институции (МЗШВ, ФЗНХ) и претставнци на кооперативи од сите 8 плански региони во РМ –членки на МАЗЗ.

Буџет: 378.000 МКД

Времетраење: 1.9.2017 – 30.4.2018

Веб страница