МАЧР е стручна, невладина, непартиска и непрофитна организација формирана заради поддршка на највисоките идеали во областа управување со човечки ресурси, за посестрано прифаќање, ценење, зајакнување и промоција на професијата, преку здружување и заедничко делување на професионалците од областа МЧР и унапредување на човечкиот капитал, како и укажување на потребата и значењето за добро менаџирање на човечките ресурси во организациите.

Визија на МАЧР е развој на професијата управување со човечки ресурси, имплементирање на највисоките професионални стандарди и развој на човечкиот капитал во Македонија.

Конституенти

Професионалците и експертите  за човечки ресурси, менаџери, професори од академскиот сектор, но и студенти и почетници кои се заинтересирани за оваа професија (правници, економисти, психолози и сл). Kомпании од приватниот и јавниот сектор кои се заинтересирани за вклучување, партнерства и можна соработка за одредена цел [универзитети и факултети (државни и приватни), државни институции, консултантски компании, едукативни центри, агенции за посредување при вработување, организации од невладиниот сектор, меѓународни организации, итн.]

Наслов

Со различности до напредок

За што е потребна акцијата

Оваа акција се надоврзува на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација по основа на пол, возраст, етничка припадност ментална и телесна попреченост донесена од страна на Владата на РМ (2012-2015), за испитување на реалната состојба, преку кванитифицирање на податоците, и подигнување на свеста во општеството со посебен фокус на организациите во врска со ставот кој го имаат кон различностите.

Цели и резултати

Општа цел – Придонес кон имплементација на принципот на еднаквост на вработените и граѓаните во Република Македонија.

Специфична цел – Подигнување на свеста за потребите и можностите за конкретни мерки за човечки ресурси во организациите со цел да се спроведува принципот еднаквост и почитување на различностите преку упатување на почетни препораки врз база на спроведено истражување.

Резултати

  1. Спроведена кратка анализа за застапеноста на диверзитетот во организациите и ставовите на истите, како и ставовите на менаџерите за човечки ресурси (каде има) по ова прашање на 12 компании;
  2. Зголемување на нивото на свеста на целните групи и пошироката јавност за потребата од воведување на политика на интеграција и промоција на диверзитетот на работното место;
  3. Почетни препораки за воведување на инструменти на политиката и механизми за управување со диверзитетот на работното место и воспоставување на основа за пообемно и опсежно истражување по ова прашање на сите организациони облици во РМ.

Активности

  • Кратко истражување (ел. анкета/ лично интервју) за моменталните ставови на 12 компании и организации во РМ во однос на ставовите и политиките за диверзитетот на работната сила и со менаџерите за човечки ресурси (каде има) во истите компании;
  • Сумирање на податоците – материјал за панел дискусија со претставници на компании;
  • Промотивен настан за покренување на интересот кај јавноста и актуализирање на темата кај главните актери (работодавачите во РМ);
  • Анализа и обработка на собраните податоци од страна на стручни лица од областа за човечки ресурси и доколку има потреба од дополнување на податоците преку дополнителен настан (тркалезна маса за дискусија);
  • Информирање на јавноста за текот на проектните активности и резултати преку веб страницата на МАЧР и социјалните медиуми, електронски медиуми итн.
  • Краен извештај од спроведената акција (електронска верзија) со која се отвора можноста за спроведување на опсежно истражување и разработка на проект за почитување на диверзитетот на работно место (на среден рок);
  • Завршен настан на кој ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето.

Буџет

355.000 МКД