Лука лидершип Македонија
Објавено: 02/03/2016
Здружението Лука лидершип Македонија е основано во 2009 година, како дел од меѓународната мрежа организациите кои спроведуваат обуки базирани врз концептот „Трансформациско лидерство“. Идејата за формирање на организација се роди откако неколку млади луѓе во Македонија, од различна етнички припадности, ги завршија обуките организирани од останатите организации и ја препознаа потребата за доближување на овој концепт до младите луѓе во Македонија и регионот. Целта на Лука лидрешип Македонија е да им овозможи на младите луѓе од сите националности, верски припадности и потекло да ја откријат својата цел, да ја разјаснат својата визија и да го развијат трансформациско лидерство.
Конституенти
Млади луѓе на возраст од 18-35 години.
Претходно искуство
Во изминативе 6 години ЛЛМ има одржани бројни меѓународни и национални тренинзи по трансформациско лидерство, самостојно или во соработка со Лука лидершип организациите од Ирска, Англија и Холандија.
Наслов
Трансформациско лидерство за општествени промени
За што е потребна акцијата
Република Македонија денес, 25 години после независноста и 15 години после воениот конфликт, сè уште страда од нејзините два најголеми проблеми: меѓуетнички тензии и висока невработеност. Причината за меѓуетничките тензии кои денес преовладуваат е пред се ниското ниво на комуникација и соработка помеѓу граѓаните од различна етничка и верска припадност. Последица на тоа е големата поделеност на општеството по етничка и верска основа. Ова го потврдува истражувањето на МЦМС за меѓуетнички односи во РМ, каде што според анкетите мнозинството граѓани (62,7 %) и етнички Македонци (73,6 %) имаат одредени негативни перцепции (ставови, предрасуди) за немнозинските заедници. Сепак и покрај овие предрасуди, различните етникуми во Македонија ги тангираат истите проблеми, односно според истражувањето на МЦМС (2014) за корупција и организиран криминал, за граѓаните во Македонија најголеми проблеми се невработеноста (69,2%), сиромаштијата (47,1%) и ниските приходи (37,4%). Како дополнителен загрижувачки податок го гледаме граѓанскиот неативизам во решавање на овие проблеми. Податокот на Евростат, дека Македонија ја напуштиле над 200.000 граѓани, укажува на тоа дека граѓаните во Македонија повеќе препрочитаат да ја бараат „среќата“ во странство отколку активно да се вклучат во решавање на нивните проблеми.
Цели и резултати
Цел
Оспособувањето и стимулирањето на младите во Македонија во самоосознавањето на нивните знаења и вештини за обликување на нивната иднина, преку специјална тридневна практична тренинг програма за трансформациско лидерство, заснована на Колбовиот модел на експериментално учество.
Резултати
- Оспособени, стимулирани и инспирирани 20 млади лица кои рефлектираат на нивните знаења и вештини за обликување на иднината на нивните заедници;
- Зголемена свест кај младите за нивните можности поединечно да влијаат во нивните заедници, охрабрени да преземат активна улога во решавањето на проблемите кои ги тангираат нив лично, заедниците нa кои припаѓаат и општеството во целина;
- Креирана мрежа на млади луѓе од различни етнички, верски, економски или социјално позадини кои ќе придонесат за решавањето на проблемите во нивните заедници.
Активности
- Подготовка на материјалот за обука;
- Креирање на прашалник за потенцијалните учесници во тренингот, со цел да се одберат најмотивираните лица за учество на тренингот;
- Објавување на јавен повик за учество во тренинг програмата;
- Логистичка подготовка за тренинг програмата;
- Одржување на тренинг програмата;
- Евалуација на резултатите од тренинг програмата.
Буџет
398.000 МКД