Вкупен буџет: 3.500.000
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

Мотивацијата за основање на Коалицијата е формирање на организација која специфично ќе работи на застапување за подобрување на состојбата со човековите права (сексуалните и здравствените права) на маргинализираните заедници.

Визија: Коалицијата СЗПМЗ се залага за свет во кој сите луѓе подеднакво и без дискриминација ги уживаат универзалните човековите права и каде почитувањето на различностите и правото на избор се основни принципи за здраво, демократско и слободно општество.

Мисија: Коалицијата се залага за остварување на еднаков пристап до здравствени, социјални и правни услуги и вклучување во сите процеси на општественото живеење, преку обезбедување на средина која е поддржувачка за сите луѓе и во која се почитуваат еднаквоста, слободата и различностите, и преку активно учество на припадниците на маргинализираните заедници (МЗ) во борбата за остварување на сопствените права и слобода.

Конституенти

Конституенти на Коалицијата СЗПМЗ се граѓански организации кои нудат директни сервиси на маргинализираните заедници: ХЕРА, ХОПС, Избор- Струмица, ЕГАЛ- Еднаквост за геј и лезбејки и СТАР- СТАР.

Претходно искуство/проекти

Коалицијата СЗПМЗ континуирано работи на:

  1. Застапување за политики, закони и практики кои ќе овозможуваат праведен и еднаков третман за МЗ;
  2. Промовирање на вклученост и целосно учество на МЗ во креирањето и имплементацијата на политиките и услугите кои влијаат на нивното здравје и права;
  3. Едукација на засегнатите – МЗ, владините претставници, обезбедувачите на услуги, соработниците, и општата јавност за здравствените потреби и правата на МЗ;
  4. Развивање/вклучување/поврзување во мрежи со сродни организации преку кои ќе се овозможува размена на знаења, ќе се преземаат заеднички акции и ќе се овозможува примена на добри практики за унапредување на здравјето и правата на маргинализираните заедници.

Веб страница