Избор Струмица
Објавено: 01/03/2016
Вкупен буџет: 5.940.000
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018
Избор е невладина непрофитна и непартиска организација, основана во 1997 година како резултат на растечките потреби на заедницата од одговор и помош во намалување на штетните последици од употреба на дрога, како што се превенцијата од ширење и инфекции на ХИВ, Хепатит Б и Ц и други заразни заболувања, кои што заради ризичното однесување се карактеристични за нашите целни групи, притоа борејќи се против опасните маргинализации, етекетирања и злоупотреби на основните човекови права, преку создавање на нови коалиции и партнерства.
Конституенти
Сите корисници на психоактивни супстанци кои во подолг временски период имаат проблеми со употреба на дроги, а кои зад себе имаат повеќе неуспешни обиди за детоксикација и достигнување на стабилна состојба; сите лица кои употребуваат нелегални псухоактивни супстанци, изложени на големи здравствени и опшествени ризици кои се тесно поврзани со оваа навика и тоа: интравенски корисници на хероин, кокаин, метадон, коктели синтетски дроги, алкохол, зависници од кладилници и коцкарници; сексуалните работници кои даваат услуги во регионите кои ги покрива организацијата, теренските работници кои ги извршуваат превентивните активности, лица кои се определени и со законот за бесплатна правна помош кои со оглед на нивната материјална положба не би можеле да ги остварат правата загарантирани со Уставот и со законот без притоа да ги загрозат сопственото издржување и издржувањето на своето семејство со кои живеат во заедничко домаќинство.
Претходно искуство/проекти
Програми и сервиси кои Избор ги спроведува во континуитет:
- Едукација и превенција од злоупотреба на алкохол, дрога, коцка и други психоактивни супстанци кај младите и вулнерабилните групи;
- Сервис за намалување на штети кај лица кои инјектираат дрога;
- Рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на корисници од алкохол, дрога и хазард;
- Сервис за превенција на ХИВ/СИДА и други СПИ кај сексуалните работници;
- Бесплатна правна помош;
- Самоодржливост преку развивање на социјалното предприемништво.