Институтот за развојни студии – Скопје се идентификува како: независна, непристрасна и отворена организација на граѓани кои се желни да вложат дел од себе за подобра иднина на сите. Главни карактеристики се силниот професионален интегритет, богатството на знаење и инвентивноста во пристапот, фокусот кон ефектите но и квалитетот на активностите, големата транспарентност и отчетност во работењето, а пред се одговорноста кон конституентите.

Конституенти

Граѓански активисти, борци за човекови права, сродни ГО, вработени во меѓународни организации и странски амбасади, поранешни и сегашни вработени во локалната, регионалната и националната администрација, поранешни носители на јавна функција, интелектуалци и научни работници, студенти, новинари и јавни личности.

Наслов

Креирање услови за поквалитетно и поефикасно планирање во јавниот сектор

За што е потребна акцијата

Проблемот кој се третира со овој предлог проект се однесува на квалитетот и ефикасноста на јавното планирање во земјата, како еден од главните предуслови за имплементација на концептот на добро владеење.

Цели и резултати

Цел

Kреирање услови за поквалитетно и поефективно планирање во јавниот сектор на сите три нивоа на управа (национално, регионално и локално).

Резултати

  1. Примарен резултат од имплементацијата на проектот е формирање на електронска библиотека на стратешки планови и нејзина лесна достапност до сите заинтересирани страни.
  2. Секундарни резултати предизвикани од реализацијата на проектот ќе бидат:
  • Овозможување на севкупен преглед на развојните политики донесени на сите нивоа на власт;
  • Подобра и поголема кохерентност помеѓу развојните политики донесени на исто и различно ниво на управа (хоризонтална и вертикална усогласеност);
  • Поголем континуитет помеѓу развојните политики донесени на исто ниво на управа;
  • Зголемување на квалитетот на идните стратешки планови.

Активности

  • Подготвителни активности;
  • Канцелариско и теренско истражување и обезбедување на усвоените стратешки планови (вклучително остварување контакти со министерства, сите локални самоуправи и сите плански региони);
  • Формирање на библиотека на усвоени стратешки планови на локално, регионално и локално ниво и нејзина дигитализација;
  • Каталогизација на стратегиите според географска локација и област;
  • Изработка на веб портал за користење на електронската библиотека;
  • Контакти со СЕП заради информирање, максимизирање на опфатот на корисници и зголемување на одржливоста на проектот;
  • Промоција на библиотеката/веб порталот и ставање на располагање на сите заинтересирани страни.

Буџет

374.900 МКД