Вкупен буџет: 2.000.000 МКД

Времетраење: 01.05.2017 – 31.07.2018

Институтот за комуникациски студии (ИКС) е основан од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во 2012 година. ИКС е независна научно-истражувачка организација во областа на студиите по новинарство, медиуми, односи со јавност, политичка комуникација и корпоративно комуницирање. Искуството на работниот кадар на ИКС се протега години наназад и се надоврзува на активностите и проектите на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Мисијата на ИКС е да го поттикнува и континуирано да помага во процесот на унапредување на професионалните стандарди во медиумите и во јавната комуникација во Република Македонија. ИКС има двоен фокус: со академските и применетите истражувања да ја унапредува науката и да им биде поддршка на практичарите; и преку постдипломските студии да изгради мрежа на млади истражувачи кои ќе ги зајакнуваат столбовите на овие научни дисциплини.

Конституенти: студенти и млади истражувачи, граѓански организации, медиуми, државни институции, уредници, новинари, медиумски сопственици, професионални здруженија од областа на медиумите и новинарството и образовните институции.

Претходно искуство

  • Изразување на јавниот интерес: зголемување на моќта на медиумите и граѓаните во штитењето на јавните политики во Македонија
  • Мониторинг на демократијата во Македонија (МОДЕМ)
  • (Де)Конструирање на медиумите
  • Комуникациски практики во контекст на социјални немири и барања за јавна отчетност
  • (Ин)Формирање за превенција, реакција и решавање на конфликти (INFOCORE)

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

ДИГИТАКТ: КОМУНИЦИРАЊЕ ЗА ПРОМЕНИ

За што е потребна акцијата

Една од најпродуктивните методи за информирање на публиката за активностите на ГО и воспоставување блиска комуникација и интеракција со нив, е ползувањето на дигиталните медиуми. На овој начин граѓаните ќе можат брзо да дисеминираат информации од важност за јавниот интерес и можат да играат директна улога во процесот на унапредување на демократските процеси во општеството. Но ова е само првиот чекор. Со употреба на дигитални алатки и медиуми, граѓанските организации можат полесно да ги мобилизираат граѓаните и заедницата за подигање свесност за прашања од јавен интерес или за остварување на некоја цел од јавен интерес во областа во која тие делуваат.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Да ги развие капацитетите на граѓанските организации за ефикасно остварување на својата улога на чувари на јавниот интерес и застапници на интересите на граѓаните преку интерактивна комуникација и соработка со граѓаните и целната публика.

Специфична цел– Да ги надгради вештините и знаењето на граѓанските организации за ефикасна комуникација и интеракција со својата целна публика, граѓаните и медиумите употребувајќи нови медиуми, преку што ќе можат подобро да ги „продадат“ своите приказни во јавноста, да допрат до поголема публика, и да го зајакнат својот имиџ на чувари на јавниот интерес и застапници на граѓаните.

Резултати

  • Анализирани комуникациски практики на ГО во Македонија
  • Изработен извештај за комуникациски практики на ГО и граѓански иницијативи;
  • Селектирани 14 ГО за учество во Акцијата и нивна обука;
  • Изработен и објавен Прирачник за дигитални комуникации за ГО;
  • Менторирани ГО во спроведување на дигитална комуникациска стратегија;
  • Изработени и објавени видео тестимонијали;
  • Изработена и презентирана веб платформа за дигитални комуникации.

Активности

  1. Анализа на комуникациските практики на ГО во Македонија и деск-анализа на комуникациските практики на граѓански иницијативи;
  2. Изработка на извештај за комуникациски практики на ГО и на граѓански иницијативи во Македонија;
  3. Објавување на повик за учество на ГО во Акцијата;
  4. Прес-конференција за презентирање на резултатите од прашалникот и истражувањето и презентација на ГО кои ќе учествуваат во Акцијата;
  5. Обука за ефективна комуникација со јавноста и обука за дигитални комуникации за ГО;
  6. Менторство на ИКС;
  7. Изработка на видео тестимонијали со ГО;
  8. Изработкаи објава на Прирачник за дигитални комуникации за ГО;
  9. Изработка и презентација на интерактивна веб платформа за дигитални комуникации.

Веб страница