Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид
Објавено: 22/06/2017
Институтот за економски стратегии и меѓународни односи-Охрид е независна и непрофитна тинк тенк организација основана во 2006-та година. Институтот го добил своето име по градот Охрид, во насока на оддржување на приматот за заедничко разбирање, дијалог и доверба. Мисијата на ОИ е да креира иновативни препораки и решенија за јавни политики, истите да ги застапува пред донесувачите на одлуки и да креира дијалог помеѓу клучните чинители во општеството.
Мисијата на ОИ се базира на основните принципи и вредности на слободното општество – индивидуална слобода, право на сопственост, пазарна економија, ефикасно владеење, репрезентативна демократија, политичка децентрализација и владеење на правото.
Визијата на Институтот Охрид е да биде клучен учесник во изградбата на Македонија како безбедна, слободна и просперитетна држава.
Главната дејност на ОИ е да делува како медијатор и поддржувач на дијалогот помеѓу општествените чинители во насока на развој и унапредување на демократијата во РМ.
Главно достигнување на ОИ во своето скоро 10 годишно делување е посветеноста и успесите во полето на развој на политичкиот дијалог помеѓу политичките партии во РМ, отпрвин со сениорите, а потоа и со помладите членови на партиите, како и развојот на социјалниот дијалог помеѓу сите релевантни чинители на локално ниво, со посебен фокус на градење на партнерства, вмрежување и соработка.
Конституенти:
Младите и жените, невладиниот сектор, локалните институции, локалната заедница.
Наслов
Социјална инклузија на жени и млади
За што е потребна акцијата
Креирање на пет стратегии за социјално вклучување на млади и жени, со цел значително да се подобри нивниот статус на локално ниво. Во секоја од петте општини младите и жените ќе можат да земат активно учество преку невладиниот сектор во соработката со локалните власти и заеднички ќе ги креираат стратегиите кои се однесуваат на прашања кои тие сметаат дека социјално ги исклучуваат од локалната заедница. Исто така ќе се зајакне улогата и капацитетот на локалните чинители, додека позицијата и ситуацијата на младите и жените ќе се подобри. Преку мобилизација на социјален дијалог ќе се зголеми и активизмот и поттикне партиципативната улога на сите граѓани на локално ниво.
Цели и резултати
Цел
- Зајакнување на улогата на единиците на локалната самоуправа, локалните владини институции, невладини организации, академска и бизнис заедница и други, во развојот, спроведувањето и следењето на програми за социјална инклузија на локално ниво, со посебен фокус на градење на партнерства, вмрежување и соработка;
- Зголемување на учеството на сите локални чинители во насока на подобрување и создавање на можности за социјална вклученост на младите и жените на локално ниво;
- Заинтересираните страни да играат активна улога во развојот, спроведувањето и следењето на стратегиите за социјална инклузија на локално ниво.
Резултати
- пет невладини организации на локално ниво вклучени во изработка на стратегиите
- Учество на млади и жени од општините при изработка на стратегиите
- пет работилници за изработка на стратегиите, по една во секоја општина
- пет креирани стратегиски планови за социјална инклузија
- пет активни платформи за социјална инклузија
Активности
- Состаноци и создавање на мрежа од пет граѓански организации на локално ниво;
- Работилница и обука за градење капацитети на невладините организации за креирање на стратегии за социјално вклучување
- Социјален дијалог во општината- Изработка на пет локални стратегии
- Промоција на пет стратегии на локално ниво
- Промоција на стратегиите на национално ниво
Временска рамка: 1.12.2016 – 31.8.2017
Буџет: 400.000 МКД