ИНСТИТУТ ЗА БЕЗБЕДНОСНИ И МИРОВНИ ИСТРАЖУВАЊА “КАРЛ ФОН КЛАУЗЕВИЦ”
Објавено: 02/03/2016
Институтот за безбедносни и мировни истражувања “Карл фон Клаузевиц” е организација која цели да ја подобри општата безбедносна состојба во Република Македонија преку конкретни мали акции. Мисијата на организацијата е што повеќе да ги еманципира граѓаните околу својата лична и колективната безбедност како тие би биле заинтересирани за нејзино подобрување. ИБМИ е основан со визија за свет каде безбедноста не е проблем, свет каде организација како ИБМИ е непотребна. Сметаме дека тоа е единствено достигливо со целосна еманципација на граѓаните со нашите идеи за безбедноста. ИБМИ функционира на принцип на хоризонтала – сите членови имаат еднаков глас во носење на одлуките, но има колективна согласност за работа. Нашиот пристап е дефиниран од нашето искуство во создавање на методологија на научно-истражувачка работа и способноста да се анализира било кој проблем од гледна точка на една или повеќе компоненти на безбедност.
Конституенти
Институтот за безбедносни и мировни истражувања “Карл фон Клаузевиц” е основан од група од најдобрите студенти апсолвенти на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје. Како таков е уникатна организација која е и професионално и активистички насочена кон мирот и безбедноста.
Наслов
Прирачник за безбедни протести
За што е потребна акцијата
Политичката ситуација во Република Македонија со протестите како нејзина компонента беше проследена со вандализам, нетолеранција, говор на омраза, бруталност од двете страни на протестите, загрозување на човековите права, посебно слободата на изразување, со високи степени на заплашување и присилба. При било каква радикализација на протестната компонента, ваков прирачник би бил од голема корист за сите вклучени страни за зачувување на нивниот физички и морален интегритет како и постигнување на основно ниво на заштита.
Цели и резултати
Цел
Нашата цел е изработка и споделување на двојазичен прирачник за безбедни протести до инволвираните граѓани од двете страни на протестите со што ќе се едуцираат за нивните права, обврски и евентуалности во контекстот на протестите.
Резултати
Запознавање на граѓаните од двете страни на протестите со нивните права и обврски за протестирање, запознавање со улогата на безбедносните сили, мерките кои тие можат да ги преземат, нивните должности и ингеренции, запознавање со инцидентите кои би можеле да настанат за време на протести, како и начините за самозаштита при истите.
Активности
- Составување на прирачник за безбедни протести на македонски и албански јазик
- Графички дизајн на прирачникот
- Печатење на прирачникот
- Промовирање на прирачникот преку мас-медиумите
- Дистрибуција на копии од прирачникот до граѓаните на Република Македонија кои се дел од протестите, вклучувајќи ги и оние граѓани кои се припадници на безбедносните сили
- Споделување на прирачникот преку социјалните медиуми со цел тој да стане регуларен дел од идните протести во Република Македонија.
Буџет
300.000 МКД