ИНКА е формирана во 2013 како здружение на уметници и културни работници. Мисијата на здружението е зајакнување на културно уметничките капацитети на граѓаните од Република Македонија и нивно промовирање во и надвор од земјава, континуирана нега и надоврзување на културно-уметничкото  наследство, градење на креативни индустрии кои ќе придонесат за одржливиот развој на нашата држава.

Главна активност на здружението е фестивалот за процесирање на култура ДРИМОН кој се одржува на крајот на јули во Струга. Фестивалот трае пет дена, а содржините обединети во еден заеднички концепт/наслов засегаат различни јавни прашања, со афирмација на прогресивни грaѓански идеи преку култура и уметност. Фестивалот обединува многу граѓански иницијативи и организации, и е отворена платформа каде истите можат да ги претстават своите идеи и каузи. ИНКА работи на децентрализација на културата со економски импакт за заедницата.

Конституенти

Граѓани, невладини организации, неформални друштва и поедници од независната културна сцена, медиуми, локална самоуправа.

Наслов

За женски каузи „ДримОN“ Градиме нови генерации

За што е потребна акцијата

Положбата на жената во минатото била исклучително тешка и до денес таа останува нецелосно решена. Во поголемите градови се гледа промената на нејзината улога, но во малите градови и руралните средини жената, најчесто  се уште е мајка, домаќинка и безгласна буква. Ова се темели и на фактот дека изостануваат млади жени во улога на застапници на културата на локално ниво. Евидентно е дека со околина на подршка, импактот на жената е евидентен за заедницата и општеството пошироко. Сведочиме за успеси во претходниов период од страна на многу жени и нивниот глас е значителен дел од промените. Особено помеѓу културните работници и уметниците, се издвојуваат поединки кои оставаат силен запис во актуелната социокултурна атмосфера. Промовирањето на мултикултурализмот е од круцијална важност во областа на културата.

Цели и резултати

Цел

Остварување позитивна општествена промена преку активности кои го афирмираат влијанието на жената во јавните политики, со фокус на култура во Југозападниот регион.

Резултати

  • Поттикната јавна дискусија за унапредување на улогата на жената во општеството.
  • Извршено влијание во заедницата и зголемена свесност за позицијата на жените во уметноста.
  • Креирана мрежа со други организации и подигнат јавен дух повеќе од седум нови соработки со други здруженија.
  • Зајакната улогата на жената на локално ниво преку официјални документи и застапување -вклучени преку 20 жени и застапувано кај повеќе од 10 граѓански и надлежни групи.

Активности

  1. Дијалог за родова еднаквост;
  2. Промоција на жени автори;
  3. Вмрежување и соработка со жени менаџери во културата;
  4. Граѓанска иницијатива за вметнување на улогата на жената во официјалните документи во општината.

Буџет: 399.819 МКД

Времетраење: 15.6.2017 – 14.12.2017

Веб страница