Вкупен буџет: 3.092.586
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

ХДЗР Месечина – Гостивар, е граѓанско здружение формирано во 1993 година од интелектуалци Роми во Гостивар. „Месечина“ има хуманитарен и добротворен карактер и придонесува за социјална интеграција, ефективно и еднакво учество во демократските права и потенцијали наменети за ромската заедница, на национално и локално ниво. Организацијата директно ги поддржува и застапува Ромите.

ХДЗР Месечина, има значајни постигнувања во мобилизација на заедницата и јакнење на капацитетот на граѓанските организации. Здружението е една од водечките ГО кои работат со ромската заедница. Таа е дел од неколку формални и неформални мрежи во Македонија и надвор.

Конституенти

Конституенти на „Месечина“ се: ромската заедница во Македонија, членовите на организацијата, волонтерите, другите ГО, здруженијата со кои соработува, државните институции на локално и национално ниво.

Претходно искуство/проекти

„Месечина“, беше активна во дистрибуцијата на хуманитарна помош за време на кризите во Босна и Херцеговина, Косово и Македонија. Беше активна во развојот на здруженијата, кросекторската соработка и засилувањето на развојот на заедницата.

ХДЗР Месечина, во своето 24 годишно работење има реализирано повеќе од 125 проекти. Тие, меѓу другото беа поврзани со сопственото јакнење и јакнењето на граѓанскиот сектор. Во периодот од 1993 до 1996 год. „Месечина“ формира ограноци во Тетово, Кичево и Дебар преку кои работеше на развој на заедницата, застапување, социјална политика, образование на возрасни, сиромаштија, човекови права и информирање и координација.

Веб страница