Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – Гостивар – огранок Дебар
Објавено: 02/03/2016
Хуманитарното добротворното здружение на Ромите „Месечина“ – огранок Дебар е граѓанска организација формирана во 1995 година како резултат на ентузијазмот на група млади луѓе да одговорат на предизвикот за развој на ромската заедница и нејзина социјална и економска интеграција во новосоздаденото македонско општество Развојната стратегија уште на почетокот ги постави столбовите на работа и развој на „Месечина“, а тоа се: 1. Придонес кон образованието на Ромите во Република Македонија, 2. Учество на Ромите во креирање на политики и донесување на одлуки; 3. Заштита и унапредување на човековите права; 4. Социо – економски развој на Ромите.
Конституенти
Членовите на ХДЗР „Месечина“ – Огранок – Дебар, припадниците на ромската заедница, другите граѓански организации, основните училишта во Дебар, локалната самоуправа и медиумите.
Претходно искуство
Во текот на дваесет годишното постоење, реализирани се многубројни проекти од интерес на ромската заедница. „Месечина“ го добива легитимитетот од припадниците на ромската заедница кои на различни начини се вклучени во работата на организацијата и даваат активен придонес во процесите на развој на ромската заедница. Друга карактеристика е залагањето за што поголемо вклучување на младите Роми преку градење на капацитети и акциско дејствување во локалните заедници и посветеноста на мисијата и визијата која го трасира патот за понатамошно дејствување.
Наслов
ЕКО ФОРУМ НА МЛАДИТЕ ВО ДЕБАР
За што е потребна акцијата
Клучното прашање е учеството на младите во креирањето на јавни политики од областа на животната средина на локално ниво и преземање на акции кои ќе го поттикнат учеството на граѓаните. Преку активностите во проектот ќе се формира критична маса на млади луѓе кои преку структурата на младинскиот ЕКО ФОРУМ и понатаму ќе можат да делуваат и да бидат активни во граѓанскиот сектор на прашањата поврзани со младите и животната средина и нивното учество во креирањето и донесувањето на одлуките и јавните политики на локално ниво.
Цели и резултати
Цел
Зајакнување на капацитетите на младите луѓе од општина Дебар, припадници на различните заедници да бидат активни чинители во подобрувањето на квалитетот на животната средина, да се создадат партнерства и комуникација со локалната самоуправа и јавните претпријатија и да се подобри меѓусебната доверба и соработка на младите во креирањето заедничка иднина.
Резултати
Креиран механизам за активно учество на младите во општина Дебар за во креирањето, донесувањето и спроведувањето на јавните политики и одлуки за заштита на животната средина. Преку ваквиот механизам ќе овоможи:
- Подобрување на меѓусебната комуникација и меѓусебна доверба меѓу младите во Дебар;
- Зголемување на младинскиот активизам;
- Придонес на младите кон зајакнување на демократските процеси на локално ниво;
- Придонес кон градење на културата на мир, меѓусебно разбирање и толеранција;
Активности
- Креирање на неформална група: Младински еко форум;
- Зајакнување на капацитетите на членовите на Младинскиот еко форум;
- Креирање и реализација на план за акциско дејствување;
- Активности за лобирање, застапување и креирање партнерства.
Буџет
400.000 МКД