Вкупен буџет: 4.500.000
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Хелтгрупер Самит е граѓанска организација која работи на актуелни теми од интерес за докторите, пациентите, креаторите на здравствените и социјалните политики во Македонија и во земјите во регионот.

Визијата на Хелтгрупер е да прерасне во најголема истражувачка организација во областа на здравјето, здравствените и социјалните политики во регионот.

Мисијата е да го зголеми изборот за корисниците на здравствените услуги, континуирано да влијае на подобрување на квалитетот на здравствените системи во регионот, како и да ја зајакне соработката помеѓу давателите на здравствените услуги.

Нејзините цели се: да го зголеми пристапот до квалитетни информации поврзани со обезбедувањето на здравствените услуги во регионот на Југоисточна Европа, да ја зголеми транспарентноста, соработката и комуникацијата помеѓу корисниците, докторите, стоматолозите и здравствените установи и да придонесе кон покачување на стандардите во обезбедувањето на здравствените услуги.

Конституенти

Конституенти на организацијата се медицинските работници, пациентите, креаторите на здравствени политики.

Претходно искуство/проекти

Активностите на Хелтгрупер се насочени кон подобро согледување, актуелизирање и формулирање предлози за надминување на проблемите во здравствениот сектор во  Република Македонија, но и во целиот регион, а ги спроведува во соработка со надлежните институции и во партнерство со граѓански организации.

Покрај овие активности Хелтгрупер Самит учествува и во јавни полемики и активности поврзани со актуелните состојби и движења во здравствениот сектор, како што се темите за миграција на здравствениот сектор, како што се темите за миграција на здравствените работници внатре во земјата.

Веб страница