Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“
Објавено: 04/10/2017
Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ има за цел преку активности и настани да мобилизира граѓани кои ќе побараат од надлежните органи да се посветат на спасување, уредување и промовирање на зимскиот центар Попова Шапка во Тетово.
Конституенти
Жителите на град Тетово и Полошкиот регион, иницијативен одбор составен од 30 лица, совтодавен одбор составен од туристички експерти, економисти, правници, бизнисмени, спортисти, граѓански активисти, локална самоуправа и др.
Наслов
Да ја спасиме Попова Шапка
За што е потребна акцијата
Недостатокот ма граѓанска рекација за вакви заеднички општи проблеми на заедницире донесе до уништување на туристичкиот центар во обие 15 години. Во овој временски период тој беше оставен без никаква инвестиција за модернизирање на туристичките капацитети, без одржување и со застарена инфраструктура.
Цели и резултати
Цел
Целта е да се врати Попова Шапка во топ приоритетите на развојот на државата. Да се врати престижот кој некогаш го имала како рекреативен центар и да се направат најавените инвестиции од релевантните органи.
Резултати
- Отворање нови дебати и прашања за тоа како општината и компанијата која менаџира со Попова Шапка ќе ги решат проблемите кои постојат.
- Презентирање на граѓанските активности и програмите кои ќе ги превземаат во иднина за развој на овој центар.
- Општината да се запознае со потребите на граѓаните и ставање на дневен ред на прашањата со цел развој на туризмот и економијата на локално ниво.
- Притисок до надлежните кои треба да сносат одговорност за деградирањето на Попова Шапка и забрзување на процесот за нејзин спас.
Активности
- Дефинирање на работни групи и воспоставување координативно тело во отворена панел дискусија со експерти од различни области кои можат да помогнат за оваа проблематика.
- Да се формира работна група од граѓански активисти, спортисти, планинарски асоцијации и од општината кои ќе ја набљудуваат понатамошната ситуација и ќе даваат предлози за развој на туристички капацитет.
- Да се изработи долгорочен проект со што ќе се мобилизира поголема група граѓани загрижени за оваа природна убавина и полека да се формира координативно тело.
Буџет: 400.000 МКД
Времетраење: 15.6.2017 – 14.10.2017