Вкупен буџет: 1.754.064
Времетраење: 01.8.2015 – 31.7.2016

Фондацијата е основана во 2006 г. со цел преку развој и примена на нови технологии, иновации и трансфер на знаење да придонесува кон општество базирано на знаење во регионот.

Конституенти

Припадници на академската заедница (наставници и студенти), истражувачи, инженери, техничари и сите други кои можат да развијат иновативни производи и услуги.

Претходно искуство

  • Граѓански паметни скулптури (Европска Унија)
  • Иницијатива за одговорно планирање и управување со водите во басенот на Охридското Езеро (CEPF – Critical Eco Partnership Fund)
  • Интегриран одржлив менаџмент на околината со користење на Систем за поддршка на одлучувањето (Европска Унија)

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„УРБАН ДИЈАЛОГ – Иницијатива за јакнење на партиципативната култура во урбанистичкото планирање во Република Македонија“

За што е потребна акцијата

Ефективното учество на сите засегнати во процесот на донесување на урбанистичките решенија ќе ги намали можностите за шпекулативно и коруптивно однесување при урбанистичкото планирање.

Цели и резултати

Општа цел – Да се продлабочат процесите на демократизација во Република Македонија, преку поттикнување на иновативни пристапи и соработка за јакнење на партиципативната култура во сферата на урбанистичкото планирање.

Специфична цел – Да се зајакне граѓанскиот активизам во областа на урбаната демократија преку создавање мрежа од граѓански организации кои ќе стимулираат партиципативна култура и подобрување на процесот на донесување на деталните урбанистички планови.

Резултати

  • Зголемено знаење и примена на партиципативна култура во урбанистичкото планирање.
  • Зајакнати капацитети за демократизација на урбанистичкото планирање на локално ниво.
  • Вмрежено граѓанско општество кое ќе иницира партиципативна култура во урбанистичкото планирање.
  • Иницирани промени во регулативата и праксата за урбанистичко планирање.

Активности

  1. Анализа на моменталната состојба
  2. Дебата
  3. Развој на веб портал и профили на социјалните медиуми
  4. Јавна кампања преку интернет и социјални медиуми
  5. Обука на обучувачи
  6. Работилници
  7. Создавање на Регионална мрежа за урбана демократија.
  8. Работилница со критичка дебата за подготовка на Политики за партиципативно урбанистичко планирање.
  9. Развој на Политики за партиципативно урбанистичко планирање.
  10. Лобирање за примена на насоките во Политиките за партиципативно урбанистичко планирање.

Веб страница