Форум за истражување на безбедносни политики – Секуритас од Битола е непрофитно здружение на граѓани, кое  се  занимава со истражувања и активности насочени кон подобрување на безбедностa, енергијата и енергетската безбедност, животната средина и еколошката безбедност,  родовата еднаквост, со цел креирање  на  политики  за  поттикнување  на  дискусии за оддржлив  развој на  Република  Македонија  и  нејзините евро-атлантски интеграции. Организацијата е основана и во неа членуваат пред се студенти на факултетите за безбедност во Македонија но и други интелектуалци кои сакаат да придонесат кон безбедноста и мирот во земјата особено преку истражувања и делувања во однос на аспектите на безбедноста во Македонија.  Визијата на Секуритас е да биде една од водечките организации кои се занимаваат со истражувања со цел креирање на политики во областите на безбедноста. Мисијата на Секуритас е да придонесе кон ефективна јавна дебата за безбедносните аспекти на современото македонско општество, поддржувајќи ја премисата оти безбедноста, и владеењето на правото се предуслови за создавање на одржлив развој на Република Македонија.

Конституенти

Сите граѓани на Република Македонија преку подобрување на изборната клима и избори спроведени во демократски дух. Посебно, полицијата како клучен дел од институциите одговорни за спроведување на изборите како корисник на препораките. Домашни и меѓународни организации и набљудувачи на изборниот процес, и домашни институции кои ќе бидат корисници на информациите и анализите.

Наслов

Безбедни локални избори

За што е потребна акцијата

Во изминатите години Македонија доживеа пролонгирана политичка нестабилност и несогласување помеѓу главните политички играчи. Иако извештајот на ОБСЕ/ОДИХР последните предвремени парламентарни избори ги оцени главно позитивно, постизборниот период беше одбележан со насилства и тензии во парламентот и надвор од него во кое во голем дел учествуваат и припадници на полицијата. Постои основана претпоставка оти дел од полицијата може да биде злоупотребена и во овој изборен процес.

Цели и резултати

Цел

Цел на акцијата е да даде придонес за подобрување на изборниот процес, зголемување на довербата во полицијата како клучен елемент во спроведување и обезбедување на изборите.

Резултати

Придонес кон зајакнување на демократијата преку набљудување на изборниот процес, и зајакнување на полицијата како важен дел во спроведување на изборниот процес преку посебниот фокус на нејзиното постапување за време на изборите.

Активности

  1. Формирање на координативен тим од 6 набљудувачи експерти од областа на безбедноста и 12 набљудувачи соработници во 6 изборни единици;
  2. Набљудување на изборен процес со фокус на постапувањето на полицијата со користење на метод ОСИНТ (собирање на информации од отворени извори);
  3. Развивање на прашалник со фокус на постапувањето на полицијата за време на изборите. Како дел од оваа активност ќе биде ангажиран надворешен експерт за постапување на полицијата;
  4. Еднодневна обука и координација на тимот;
  5. Средби и интервјуа со претставници на ДИК, МВР, ОБСЕ/ОДИХР и други релевантни политички субјекти, меѓународните организации, невладините организации и др, во текот на изборниот процес;
  6. Следење на денот на изборите;
  7. Публикување на препораки за измена на релевантните закони кои ја регулираат улогата на полицијата во изборниот процес.

Буџет: 300.000 МКД

Времетраење: 01.10.2017 – 31.12.2017