Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација е формиран со намера да иницира, поддржува и овозможува дебати на релевантните засегнати страни во креирањето на кохерентни и практични јавни политики за подобрување и забрзување на демократските процеси во Република Македонија. Форум ЦСИД испорачува извонредност во стратегиските истражувачки наоди за процесите на демократизација на општеството и децентрализација на власта. Заедно со другите тинк-тенк организации дава значајно учество во прикажувањето на билансот на состојбите во општеството како придонес на објективно заснованите документи за јавни политики.

Конституенти

Претставници на Владата на РМ, особено на Министерството за локална самоуправа, претставници на властите и администрациите на сите локални самоуправи, аналитичко-истражувачката заедница од општествените науки, граѓански сектор (особено тинк тенк организации), политички партии, бизнис секторот.

Наслов

Објавување издание на списанието Форум Аналитика посветено на темата „СОРАБОТКА НА ОПШТИНСКИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ И ГРАЃАНИТЕ ВО КОНТЕКСТ НА ПРОЦЕСОТ НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА“

За што е потребна акцијата

Отсуството на дебати и релевантни студии за процесот на децентрализацијата во Македонија е очигледно. По повеќе од десет години од почетокот на процесот кој беше еден од главните столбови на Охридскиот рамковен договор и имаше за цел да ја зголеми демократијата во македонското мултиетничко општество, евидентно е дека напредокот во трансферот на надлежностите од централно кон локално ниво е спор и дека недостасуваат волја и капацитети на поголемиот дел од локалните самоуправи да ја стават својата работа во служба на граѓаните.

Цели и резултати

Цел

Целта на акцијата е да им се понуди на македонското граѓанско општество и на претставниците на истражувачките центри (тинк-тенкови) аналитички пристап во третирањето на важната тема за соработката на општинските администрации и граѓаните во контекст на процесот на децентрализацијата во Р. Македонија.

Резултати

  • Изданието на Форум Аналитика ќе вклучи анализи, документи за политики и написи, напишани од стручни истражувачи за тема која е релевантна не само на локално, туку и на регионално ниво
  • Во списанието ќе им се даде можност и на помлади истражувачи да ги промовираат своите анализи
  • Ќе се иницира дебата за резултатите и перспективите на соработката на општинските администрации и граѓаните во контекст на процесот на децентрализацијата во рамки на четири јавни настани во поголемите центри на државата.

Активности

  1. Повик за текстови
  2. Селекција на авторите
  3. Уредување на текстовите, лектура и подготовка за печатење
  4. Печатење, дистрибуција и промотивни настани

Буџет: 400.000 МКД

Времетраење: 1.8.2017 – 31.10.2017

Веб страница