ФОНДАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КУЛТУРА АЛБИЗ
Објавено: 24/01/2017
Вкупен буџет: 2.750.000
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018
Фондацијата за развој на образование и култура АЛБИЗ е основана во 2011 година од страна на 15 претпријатија и претставува наследник или надградување на Фондацијата за развој на образование и култура „Даути“. Фондацијата е основана како одговор на потребата за поцелосен и попрецизен пристап кон вложување во заедницата, како дел од општествената одговорност и како социјална иновација за долгорочно вложување во развојот на човечките ресурси.
Визијата на Фондација Албиз е да биде лидер во промовирањето на општествена одговорност на претпријатијата и филантропија преку организирање и промовирање на програми од едукативен, културен, економски и социо-хуманитарен карактер во општеството.
Мисијата на Фондација Албиз е да го зајакне и унапреди општеството преку создавање на можности, обезбедувајќи образовни, економски, социјални платформи и програми.
Конституенти
Конституентите на Фондацијата Албиз се: донаторите (приватните компании) како и целните групи (студенти и средношколци, истражувачи, стари лица, лица со посебни потреби, социјално-загрозени семејства, граѓански организации, спортски и културни друштва).
Претходно искуство/проекти
Албиз е здружение кое своите акции ги насочува во вложувањето во заедницата, како дел од општествената одговорност и како социјална иновација за долгорочно вложување во развојот на човечките ресурси. Некои од поуспешните и повлијателните проекти на Фондацијата се:
- Финансиска одржливост на граѓанските организации преку соработка со деловниот сектор;
- Стипендии за средношколци и студенти;
- Хуманитарна акција за оние кои имаат потреба.