Фондација Балканска мрежа за развој на граѓанското општество Скопје (БЦСДН)
Објавено: 22/06/2017
Вкупен буџет: 2.000.000 МКД
Времетраење: 01.05.2017 – 30.04.2018
Балкански мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) е мрeжа од 14 граѓански организации од југоисточна Европа (вклучувајќи ја и Македонија), регистрирана како фондација во 2009 во Скопје. Мисијата на БЦСДН е зајакнување на граѓанското општество и влијание на политиките поврзани со овозможувачка околина за развој на граѓанско општество, со цел обезбедување на одржливи и функционални демократии на Балканот. БЦСДН е водечка организација за застапување и промовирање на овозможувачка околина на граѓанското општество со препознатлива експертиза во областа. Мрежата тежнее да биде регионален центар со глобално влијание, кој креира и шири знаење и иновации за улогата на ГО во унапредување на демократијата.
Конституенти: граѓански организации, медиумите локалните и централните власти и граѓаните.
Претходно искуство
- Acquis на Балканското граѓанско општество – Зајакнување на потенцијалот и капацитетите на ГО за застапување и лобирање
- Максимизирање на интегративниот капацитет на Европската Унија: научени лекции и перспективи за проширување и пошироко (MAXCAP)
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
ЗАШТИТА НА ГРАЃАНСКИОТ ПРОСТОР – ДОЛЖНОСТИ И УЧЕСНИЦИ
За што е потребна акцијата
Во последните години, средината во која работат граѓанските организации (ГОи) во Македонија се влошува, меѓу другото и поради долгата политичка криза која не само што се одрази на односите помеѓу граѓанските организации и релевантните институции, туку и на основните гаранции за слобода на граѓанските организации. Од друга страна политичката криза наметна зголемена активност на граѓанското општество што придонесе за поголемо доближување до своите конституенти и засилена промоција на своите вредностите во јавноста. Ваквата ситуација ја потенцираше потребата од подобрување на работата на граѓанското општество преку подобрување на работната средина „од надвор“ или овозможувачката околина, но и подобрување на ефикасноста на работата на граѓанските организации „од внатре“, односно унапредување на стандардите на работење од страна на самите граѓански организации со цел да се зголеми довербата меѓу граѓаните, ГОи, нивните поддржувачи, донаторите и креаторите на политики. Сепак, многу мал дел од граѓанските организации активно работат на подобрување на околината за делување на граѓанското општество, најчесто поради недоволно разбирање и непознавање на механизми кои би придонеле за нејзино унапредување.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел– Зголемен придонес од страна на граѓанските организации во заштитата на граѓанскиот простор.
Специфична цел– Унапредување на работната средина на граѓанските организации преку размена на добри практики и на стандарди за отчетност.
Резултати
- Промовирани механизми за следење и унапредување на работната средина на граѓанските организации
- Зголемено познавање на ГО за европски стандарди и трендови за отчетност и транспарентност на ГО
Активности
- Идентификација на добри примери и механизми од регионот и Европа за унапредување на работната средина на ГО
- Организација на конференција на која ќе бидат презентирани практики за унапредување на работната средина на ГО
- Подготовка на резиме со практики и препораки и негова дистрибуција до што поголем број граѓански организации
- Идентификација на добри примери за отчетност на ГО од Европа и светот
- Организација на конференција на која ќе бидат презентирани стандарди за отчетност
- Подготовка на резиме со добри практики и препораки и негова дистрибуција до граѓански организации