Вкупен буџет: 2.000.000
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018

Мисијата на фондацијата Егалите е да обезбеди поддршка на развојот на претприемништвото и локалниот развој и да работи на зајакнување на маргинализираните, ранливи и/или социјално исклучени групи за преземање на активна улога во сите сегменти на општествениот живот.

Особен фокус се става на економското јакнење на жените од руралните сегменти како витален ресурс за оддржлив развој на заедниците. Нашата поддршка се состои во обезбедување менторска поддршка и грантови во опрема за нови и експанзија на веќе постоечки бизниси управувани од жени и млади во Полошкиот регион. Воедно, работиме на воспоставување оддржлив модел на финансирање на локалниот развој од самата заедница, односно приватниот сектор и општините, кои и се поддржувачи и донатори на самата Фондација (општина Боговиње, Брвеница, Тетово, Гостивар, Еколог Интернационал, Фриготехника.

Досега имаме обезбедено поддршка за 25 микробизниси од Полог.

Конституенти

Жени и млади претприемачи во Полог, со посебен фокус на жените од руралните средини, приватниот сектор во Полог и локални самоуправи.

Претходно искуство/проекти

  • Промоција на добри практики на корпоративната општествена одговорност и вложување во локалната заедница со цел остварување оддржлив развој базиран на еднакви можности;
  • Ангажирање бизнис лидерите, локалната самоуправа и други институции за идентификација на пазарни можности за развој и отворање работни места, надградување на капацитетите на микро и малите претпријатија во Полошкиот регион;
  • Развивање на одржлив модел за поддршка на претприемништво на жени и млади во Полог во партнерство со локалните самоуправи и локалниот бизнис сектор.

Фејсбук страница