ФЕДЕРАЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИ СПОРТОВИ НА МАКЕДОНИЈА
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.685.500
Времетраење: 01.7.2016 – 31.12.2017
Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) е формирана 1948 година и денес е здружение на граѓани кое го сочинуваат 43 (во 2016 година) друштва, заради остварување и усогласување на своите заеднички цели и интереси. Во сите свои активности ФПСМ негува и развива чувство за заедничко живеење и соработка, работи на активирање на граѓаните, а особено на младите за побезбеден престој во природата, негува натпреварувачки дух и работи на поддршка на локалниот развој. ФПСМ е полноправна членка, во интренационални федерации и организации (UIAA и BMU). ФПСМ, активностите ги спроведува преку стручни тела, Комисии (Планинарски водичи, Маркацисти, Млади, Високогорци, Планинарски домови и Спасување на планина). Новиот правен субјект во ФПСМ, Центарот за стручно оспособување – ЦСО е одговорен за спроведување на мисијата преку создавање систем на перманентно стручно образование во планинарството, кое ќе го создаде планинарството сигурно и достапно за сите. ФПСМ е организација квалификувана да организира безбедни планинарски акции, што е нејзина визија. Во своите задачи посебно внимание се посветува на грижи за изградба и одржување на планинарската инфраструктура и тоа: планинарски домови, куќи, засолништа, спасителни станици, патеки, трансверзали, како и други објекти важни за развојот на туризмот преку рекреативно и спортско планинарење.
Конституенти
Планинарски друштва, планинари, рекреативци, туристи вљубеници во природата.
Претходно искуство
- Планинарски водичи
- Бележење на планинарски патеки
- Светски ден на планината
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Национална кампања за подигање на свеста и значењето на туристичко-рекреативните патеки
За што е потребна акцијата
Од досегашната соработка со туристичките агенции, Агенцијата за ПП туризам, Стопанската комора, се утврди недостаток од уредени и одржувани туристичко-рекреативни патеки и недостаток на соработка на граѓанските организации со локалната самоуправа за развојот на понудата со туристичко-рекреативните патеки. Со неколку досегашни проекти, поврзани ‘само’ со бележење на планинарските патеки, се отвори проблемот на немање норматив за подготовка и одржување на патеките. Со тоа се бележени патеки во разни бои и со разни знаци, додека остануваат и многу необележани патеки. Заради непрофесионалната ‘самоука’ работа на индивидуалци и ‘несоодветни’ организации, се загрозува безбедноста на посетителот, но доаѓа и до деструкција на природата. Додатен факт е непостоење на никаков сервис кој дава информации за рекреативни, планинарски патеки, за начини и услови за нивно користење, нивната состојба и сл.
Цели и резултати
Општа цел – Создавање оддржлив модел со кој ќе се зголеми важноста на планината за поквалитетен живот за целата општествена заедница.
Специфична цел – Да ја зголеми свеста за потребата од имплементација на регулативи за подготовка, мониторинг и одржување на патеки.
Резултати
- Подготвени и усвоени регулатива и процедури за категоризација, поставување и одржување на патеки
- Развиена свесност кај јавноста за потребата од безбедни патеки
- Реализирана национална кампања за значењето на патеките за локалниот развој
- Стручно образовани кадри за поставување и одржување патеки
Активности
- Подготовка на материјал со процедури за категоризација, организација, поставување и мониторинг на патеки.
- Организирање на мешовито работно тело.
- Документ за соработка со Агенција за ПП на туризмот.
- Изработка на регистар на патеки
- Национален ден на патеките, настан во 10 планинарски места.
- Печатен – Водич кон безбедно рекреирање по патеки.
- Подготовка специјализирана интернет страница
- Подготовка и печатење „Водич за 10 планинарски врвови“
- Спроведување на анкета.
- Национална кампања, 10 работилници за значење на патеките
- Прва национална работна округла маса, на тема „Иднината на туристичко-рекреативните патеки“.
- Обука на стручни кадри МАРКАЦИСТИ, менаџери за настани во природа, ментори на културата на планинарските патеки