Вкупен буџет: 1.565.119
Времетраење: 01.7.2016 – 31.12.2017

Евро-Атлантскиот Совет на Македонија е невладина организација која ги покрива евро-атлантските интеграции и промоција на евро-атланската идеја и вредности во нашето општество. ЕАСМ обединува луѓе од најразличен национален, политички, интелектуален и деловен профил и остварува блиска соработка со државните институции, особено со Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на РМ, НАТО канцеларијата во РМ, секторот за евроинтеграции при Владата на РМ, Кабинетот на Претседателот на РМ, НВО, фондации, медиумите како и дипломатските претставништва во земјата. ЕАСМ преку своите активности промовира целосна поддршка на демократијата, човековите права, граѓанското општество и владеењето на правото во Република Македонија.

Конституенти

Млади и младински организации, студенти и студентски организации, подмладоци на политички партии и млади професионалци.

Претходно искуство

  • Планинарски водичи
  • Резолуција 1325 на Советот за безбедност на Обединетите Нации – Одржливост на целите – Македонија, Балканот, ОН и НАТО
  • Регионален ПОСТ ИСАФ Ангажман
  • Одржлив одговор на непогоди – развивање на регионални капацитети.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во светлината на евро-атланските интеграции

За што е потребна акцијата

Во пост-социјалистичко и транзициско општество каде демократијата се уште се учи, а демократските процеси се сѐ уште во развој, не може да се очекува дека младите може лесно да ги канализираат своите идеи и да стимулираат општествени промени. Останатите предизвици во земјата како невработеноста дополнително го отежнуваат учеството на младите во демократските процеси во Македонија (истражување „Младите и пазарот на трудот“, Реактор, 2011). Ниското ниво на мотивираност, партиципативност и недоволното влијание врз демократските текови на младите во Македонија е причина за иницирање на оваа акција. Постигнување висок степен на демократизација преку поттикнување активен ангажман и градење јасна ориентација кај младите за интегрирање во НАТО и ЕУ, несомнено ќе доведе до позитивна општествена промена во овој контекст.

Цели и резултати

Општа цел – Поттикнување активно учество на младите во Македонија во градењето на демократските процеси како предуслов за интеграција на Македонија во евро-атланските структури.

Специфична цел – Активен придонес во евро-атлантските интегративни процеси преку развивање дијалог, јакнење на капацитетите и вмрежување на наведените целни групи.

Резултати

  • Развиена свест кај младите, младинските организации, но и државните институции за важноста на младите во промоција на темелните евро-атлантски вредности како што се демократијата, родовите прашања и владеењето на правото, како и за нивната важност
  • Зголемена соработка и вмрежување на младинските и студентски организации во Македонија во промоцијата на заедничките каузи во контекст на евро-атланските интеграции
  • Промовирање на важноста од активно вклучување на младинските и студентски организации, како и нивните конституенти во демократските процеси и во процесите на донесување одлуки, како и од нивна зголемена улога во евро-атлантските интегративни процеси.

Активности

  1. Истражување (теренски и онлајн анкети) и организирање на четири работилници во Република Македонија (четири региони/градови) плус два централни настани во Скопје, покривајќи ги осумте плански региони
  2. Активности за вмрежување и тркалезна маса
  3. Дисеминациски активности, вклучително издавање на брошура со препораки

Веб страница