ДВИЖЕЊЕ ЗА ЕДУКАЦИЈА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДИЈАЛОГОТ LEAD
Објавено: 23/11/2017
Лесно кршливите меѓуетнички односи, очигледната потреба од кревање на јавната свест за зачувување и развивање на животната средина и недостатокот на иницијативи за унапредување на квалитетот на животот на локално ниво, е мотивацијата за основање на Движењето ЛЕАД.
Визија: Информиран и обучен граѓанин – движечка сила за одржлив развој.
Мисија: Подобрување на социјалните, културните и економските права и интереси на граѓаните преку зголемување на информираноста и вработеноста, унапредување на меѓуетничкиот дијалог, подобрување на животната средина, унапредување на претприемништвото, а со тоа и поттикнување одржлив економски локален, рурален и инфраструктурен развој.
Конституенти
Целокупното население на Скопје и околината, а во акцијата ќе учествуваат млади од сите етнички заедници.
Наслов
В ЏЕБ, АКО НЕМА КАДЕ ДРУГО
За што е потребна акцијата
Акцијата ќе се одвива во Градскиот парк, Матка, Гази Баба, Скопски рекреативен центар Сара, Етно село, центарот на Скопје и Водно. На овие локации постојано има голем број посетители, а меѓу нив и несовесни граѓани, кои создаваат и фрлаат отпад на несоодветни места.
Цели и резултати
Цел
Кревање на јавната свест за животната средина и меѓуетничката соработка.
Резултати
- Расчистување на отпадоците на Градски парк, Матка, Гази Баба, Сарај, Етно село, центарот на Скопје и Водно
- Влијание врз посетителите на овие региони за поголемо внимание кон природата и животната средина
- Зголемена меѓуетничка почит и толеранција кај група млади луѓе
Активности
- Состанок и координација со екипата волонтери
- Координација и соработка со Секторот за животна средина на Град Скопје
- Седум еднодневни акции за расчистување на наведенит локации од отпадоци
- Меѓусебно дружење на младите волонтери
- ПР-активности
Буџет: 400.000 МКД
Времетраење: 1.6.2017 – 31.12.2017