Лесно кршливите меѓуетнички односи, очигледната потреба од кревање на јавната свест за зачувување и развивање на животната средина и недостатокот на иницијативи за унапредување на квалитетот на животот на локално ниво, е мотивацијата за основање на Движењето ЛЕАД.

Визија: Информиран и обучен граѓанин – движечка сила за одржлив развој.

Мисија: Подобрување на социјалните, културните и економските права и интереси на граѓаните преку зголемување на информираноста и вработеноста, унапредување на меѓуетничкиот дијалог, подобрување на животната средина, унапредување на претприемништвото, а со тоа и поттикнување одржлив економски локален, рурален и инфраструктурен развој.

Конституенти

Целокупното население на Скопје и околината, а во акцијата ќе учествуваат млади од сите етнички заедници.

Наслов

В ЏЕБ, АКО НЕМА КАДЕ ДРУГО

За што е потребна акцијата

Падините на Водно често се посетувани од страна на граѓаните кои сакаат да избегаат од загаденото Скопје. За жал, сè повеќе се наталожува отпадот кој го оставаат насекаде несовесни граѓани. „В џеб, ако нема каде друго“ треба да им ја подигне свеста на граѓаните отпадоците да не ги фрлаат каде што ќе стигнат, а во недостаток на корпа за отпадоци, отпадокот да го причуваат до првата на која ќе наидат.

Цели и резултати

Цел

Кревање на јавната свест за животната средина и меѓуетничката соработка.

Резултати

  • Расчистување на отпадоците на Водно;
  • Влијание врз посетителите на планината Водно за поголемо внимание кон природата и животната средина;
  • Зголемена меѓуетничка почит и толеранција кај група млади луѓе.

Активности

  • Состанок и координација со екипата волонтери (по 15 на секоја од шесте акции)
  • Координација со ЈП Комунална хигиена за соработка при акциите.
  • Шест еднодневни акции за расчистување на падините на Водно од отпадоци.
  • Закачување на дрвја на дрвени плочи со натпис
  • Меѓусебно дружење на младите волонтери
  • ПР- активности

Буџет

400.000 МКД