Вкупен буџет: 1.735.640
Времетраење: 01.8.2015 – 31.7.2016

Диверзити медиа продакашн (ДМП) основана во 2011 г., како непрофитна организација и нејзината мисија е да го унапреди професионалното новинарство, да придонесе кон поголема слобода на говорот, како и да даде поддршка на демократијата и плурализмот во Македонија.

Конституенти

Долгогодишни професионалци во областа, поранешни новинари на британскиот јавен сервис Би-Би-Си, волонтери, граѓани соработници.

Претходно искуство

  • Дебати за промени (НЕД, Вашингтон)
  • Дебати_мк (ЦИРА – Скопје (Програма CIVICA)
  • Заборавените жртви на комунизмот (ЕУ Програма Европа за граѓаните)

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„Глокал дискусии_мк“

За што е потребна акцијата

Организирањето јавни дискусии на теми кои што ги засегаат граѓаните во градовите надвор од Скопје, вклучувањето на граѓаните во овие диксусии, како и претставниците на локалните власти ќе придонесат да се подобри состојбата со слободата на говор, поттикнување на дебата и дискусија и зајакнување на доброто владеење на локално ниво.

Цели и резултати

Општа цел – Создавање простор за јавна дискусија за локални проблеми во различни средини, во која ќе бидат вклучени локални креатори на политики, интелектуалци, новинари и најважно, граѓаните од средините каде што ќе се организираат јавните дискусии.

Специфична цел – Дискусија за важни локални теми, но, обработени од аспект на одделни средини како со мешан етнички состав, така и со различен економски и културен развој со цел да се види како размислуваат тие што ги создаваат политиките и ги водат процесите и каде се во тие процеси и модели на одлучување граѓаните.

Резултати

  • 12 јавни дискусии
  • 12 вклучени локални новинари
  • Вклучени локални власти, локални граѓански организации и граѓани од 12 града во Република Македонија

Активности

  1. Организација на 12 јавни дискусии
  2. Спроведување на дискусиите на терен во текот на една година
  3. Подготовка на текстови и анализи за сајтот на Диверзити Медиа
  4. Експертска анализа на темите на јавните дискусии и изработка и публикација на двојазична брошура

Веб страница