Црвен крст на Град Скопје
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.729.670
Времетраење: 01.8.2015 – 31.12.2016
Црвениот Крст на град Скопје (ЦКГС) е основан во 1945 година и е дел од Националното друштво на Црвениот Крст на Р. Македонија и со тоа дел од Меѓународното движење на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина. Мисијата на организацијата е подобрување на животот на ранливите категории лица и помовирање на хуманитарните вредности и хуманитарното право. Визијата ЦКГС е втемелена врз универзалните принципи, има моќ да го унапреди светот во кој живееме преку промовирање на мир и толеранција, ефикасна превенција, навремен одговор и соодветна поддршка за ранливото население.
Конституенти
Граѓаните воопшто, особено ранливите категории лица
Претходно искуство
- Помош во храна, здравство и логистичка асистенција на бегалците во РМ (УНХЦР)
- Пункт за бездомници (Град Скопје, Алкалоид, Сава Осигурување, Промес)
- Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦИРА-Цивика)
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
„Црвен Крст во акциjа-Промоција на хумани вредности“
За што е потребна акцијата
Програмата ги вклучува младите во активности со кои се намалуваат можностите за развој на ставови и однесување кои може да доведат до меѓусебни недоразбирања и конфликти, а истовремено и ги афирмира позитивните културни вредности. Програмата не ги принудува младите од различни етнички заедници да заборават кои се тие, ниту пак го минимизира влијанието на културата од која потекнуваат врз градењето на нивниот идентитет, туку едноставно ја интензивира нивната културна свест со цел промоција на толеранцијата, заемното разбирање и почитување на разликите. Младите од различна верска, национална и религиозна припадност зајакнувајќи ги своите лични капацитети преку овој проект работат за добробит на голем број на целни групи кои се наоѓаат на работ на егзистенција, при тоа надминувајки ја верската, националната или религиозната различност.
Цели и резултати
Општа цел – Позитивна опшествена промена во Р. Македонија и подобрување на односите помеѓу различните етнички групи кои живеат на нејзина територија преку промовирање на културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество и промовирање на активно знаење, активен пристап кон животот и помош на заедницата.
Специфична цел – Вклучување на младите со различна етничка припадност во заеднички проекти за изградба на взаемното разбирање, толеранција, културата на дијалог и помош на заедницата.
Резултати
- Зголемувањето на свесноста за културата како систем од вредности и промовирањето на културната разноликост на различните етнички групи кои живеата во Р. Македонија.
- Промена на дневна рутина на 1200 младинци кои учествуваат во ЦКА-ПХВ циклусот, кои преку своите волонтерски активности и изработка на 180 мали проекти на терен пак придонесуваат за подобрување на животните услови на околу 3000 поединци од различни ранливи категории на лица.
Активности
- Средба со секретарите на Општинските организации на Црвен Крст, Обука за ЦКА-ПХВ дисеминаторите;
- Подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори (подготовка за држење на обуки на терен);
- Дисеминациска сесија во секоја Општинска организација на Црвен Крст;
- Обука за изработка на малите проекти;
- Изработка на мали проекти,
- Подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори (прегледување и оценување на малите проекти);
- Две финални работилници,
- Доделување на ЦКА-ПХВ пехар,
- Одбележување на ЦКА-ПХВ недела.