Вкупен буџет: 6.000.000
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Цивил е организација за човекови права, мир и контрола на оружјето. Организацијата ја основале независни новинари и уметници на 25 ноември 1999 година.

Визијата на Цивил е слободно општество во кое човековите права и слободи целосно се почитуваат и во кое владеат демократијата, мирот и ненасилство.

Мисијата на ЦИВИЛ е активна афирмација, одбрана и едукација за човековите права и слободи.

Од своето основање до денес, ЦИВИЛ со својот мултидисциплинарен пристап дава важен придонес кон градењето и негувањето на одржлив мир, толеранцијата и ненасилството, ЦИВИЛ се залага за слобода на изразувањето и придонесува кон развојот на слободните медиуми.

Клучни вредности и начела кои се негуваат и бранат во ЦИВИЛ се неутралноста, непристрасноста, чесноста, интегритетот и добрата намера.

Во ЦИВИЛ се поттикнуваат и негуваат иновациите, ефективноста, инклузивноста, ангажирањето, активизмот и еманципирањето.

Убедувањата и ставовите на Цивил се прогресивни и на конкретни начини, преку дијалог, јавност, сеопфатна анализа и активизам, ги поддржуваат демократијата, владеењето на правото и целосното почитување на човековите права и слободи.

Конституенти

Членовите и конституентите на ЦИВИЛ се граѓан(к)и чиј профил е разновиден по низа основи: образовен, професионален, етнички, социјален, родов и старосен. Конституенти на ЦИВИЛ не се нужно и членови на организацијата и тие се:

  • поединци или групи од целата земја чии фундаментални права и слободи се загрозени;
  • Млади, чија положба во општеството е загрозена поради лошите политики и практики и ја наметнува потребата за едукација и поддршка во сферата на човековите права, толеранцијата и ненасилството;
  • Новинари и уметници, како дел од заложбите на ЦИВИЛ за слобода на изразувањето и медиумските слободи;
  • Жртви на оружено насилство и насилство врз основа на дискриминација и дела сторени од омраза;

Општа популација и гласачи, особено во доменот на владеење на правото и изборните процеси во чии рамки ЦИВИЛ делува како организација која спроведува мониторинг и анализи и формулира препораки, иницијативи и барања за подобрување на политиките и практиките и спроведува кампањи за јакнење на јавната свест.

Претходно искуство/проекти

ЦИВИЛ е организација која спроведува долгорочен мониторинг и анализа на изборните процеси и носи препораки за подобрување на изборниот систем, презема акции за превенција од конфликти и ефективна контрола на оружјето.

Веб страница