Вкупен буџет: 1.800.000
Времетраење: 01.8.2015 – 31.10.2016

Здружението на граѓани Центар за управување со промени (ЦУП) е основана на 2009 г., како непрофитна, невладина организација. Организацијата работи на проекти кои имаат за цел да придонесат за развој на македонското општество и регионот. ЦУП промовира разбирање и ненасилни промени и се фокусира на меки мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат општествените промени како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати. ЦУП поддржува демократија и отворени идеи во различни сектори.

Конституенти

Генерален секретаријат на Владата на РМ, Кабинет на Премиер, СЕП, МТСП, Интер-ресорска група за родова еднаквост на Владата на РМ, МЛС, МОН, Парламентарен институт и Собрание на РМ, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Агенција за заштита на лични податоци, ЕУ, ОЕЦД/СИГМА, НИ-КО, ЕИПА, Институт за европски политики, ГО кои се занимаваат со јавни политики, институти и граѓани.

Претходно искуство

  • Подобрен регулаторен процес во Македонија (Британска амбасада Скопје)
  • Градење на капацитетите за евроинтеграција (Британска амбасада Скопје)
  • Градење на административни капацитети за европска интеграција (Британска амбасада Скопје)

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„Поголема партиципација – подобри политики и регулативи“

За што е потребна акцијата

Иницијативата има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанскиот сектор да делуваат како надзорни тела и регулаторен индикатор во процесот на подготовка на законски предлози преку користење на методите и алатките за ефикасна (екс-анте) оценка на влијанието на политиките (РИА) заснована на докази екс пост оценка на спроведуваето на регулативата.

Цели и резултати

Општа цел – Промовирање на принципите на добро владеење (отчетност, транспарентност, учество, ефикасност и кохерентност) преку засилено влијание на граѓанските организации (ГО) во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување на одлуки.

Специфична цел – Јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор да делуваат како надзорни тела и регулаторен индикатор во процесот на подготовка на политики и законски предлози.

Резултати

  • Развиени аналитички знаења и вештини на ГО за користење на методите и алатките за проценка на влијанието на регулативата и оценка на политиките.
  • Подготвени две анализи/студии на случај (1 ex ante 1 ex post оценки) на политики и регулативи (закони, директиви, стратегии, подзаконски акти) во соработка со државните институци.
  • Подготовен Документ за политики со наоди заклyчоци и препораки за одредени клучни политики и нивно доставување до соодветните комисии во парламентот.

Активности

  1. Повик до ГО да изразат интерес за учество во програмата.
  2. Развој на програма и материјали за обуки за методите и алатките за проценка на влијанието на политиките и оценка на политиките.
  3. 16 дена обука од страна на двајца експерти за процесот, методите и алатките за оценка на политиките.
  4. Проценка на потенцијалите, приоритетите и интересите во одреден дел од законодавството (поврзана со Националната програма за усвојување на правото на ЕУ – НПАА) кај ГО и избор на ГО кои ќе имаат капацитет да работат на интензивни анализи.
  5. Селекција на 2 студии на случај од различни сектори и фокусирање на неколку клучни министерства кои би можеле да имаат значителни предлози, домашни и ЕУ, кои ќе имаат корист од употребата на РИА и оценка на имплементацијата на политиките
  6. Менторство во спроведување на ex-post и ex ante анализите
  7. Редовни состаноци со претставници на релевантните министерства
  8. Подготовка на Документ за политики со анализа врз основа на студиите на случај од страна на граѓанскиот сектор доставена до Владата, надлежните министерства и парламентарните комисии како начин на влијание.
  9. Објавување и дистрибуирање на извештајот до сите релевантни актери

Веб страница