Центар за ромска заедница „ДРОМ”
Објавено: 16/10/2015
Вкупен буџет: 1.799.333
Времетраење: 01.8.2015 – 31.12.2016
Ц.Р.З. „ДРОМ“ како невладина и непрофитна организација е формирана во 1997 год. на иницијатива на млади ромски интелектуалци поттикнати од проблематиката на ромската популација што трае со векови.
Визија на организацијата е општ напредок на Ромите, подигната свест и интеграција во општеството преку нивно зајакнување и претставување како рамноправни граѓани во Р.Македонија и надвор од неа.
ДРОМ своите клучни приоритети ги става во две категориии и тоа:
- Добро владеење;
- Човекови права.
Конституенти
Деца, етнички заедници, жени, болни лица засегнати од болест, младинци, граѓански организации, влада и владини институции, студенти, локална самоуправа, медиуми, образовни институции, претпријатија и др.
Претходно искуство
- Спречување на илегалната миграција преку подобрување на децентрализиран труд и промоција на мерки за ранливите групи (Интернационална организација за миграција – Скопје)
- Спречување на трговија со луѓе кај ромската заедница преку јакнење на вештини за вработување (Интернационална организација за миграција – Скопје)
- Социјално вклучување и пристап до човекови права на Роми, Ашкалии и Еѓипќани (Истражувачки центар за граѓанско општество)
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
„Превенција од соверемените форми на трговија со луѓе“
За што е потребна акцијата
Трговијата со луѓе е претставува повреда на достоинството и основните слободи на човекот, а со тоа и сериозна повреда на човековите права. Пристапот заснован на човековите права во борбата против ТЛ вклучува транспарентност и одговорност кај државата во смисла на усвојување на национална политика и акциски планови за борба против трговијата со луѓе, координирање на напорите на сите релевантни актери, вклучувајќи го и невладиниот сектор, редовна обука на релевантни професионалци, истражување и собирање податоци, како и обезбедување соодветни средства за спроведување на сите овие мерки.
Цели и резултати
Општа цел – Спречување на трговијата со луѓе
Специфична цел – Превенција на трговијата со луѓе преку зголемување на свесноста на средношколците и ранливите категории граѓани за современите формите на трговија на луѓе кои се во пораст, како што се трудовата експлоатација, принудно питачење, принудно вршење кривични дела и внатрешна трговија.
Резултати
- Спроведено истражување за перцепциите и сваќањата на средношколците и ранливите групи за современите форми на трговија со луѓе
- Иницирани активности на локално ниво за справување со трговијата со луѓе
- Зголемена информираност и свесност на средношколците и ранливите категории на граѓани за современите формите на трговија со луѓе
Активности
- Истражување (подготовка на прашалник; фокус групи; обуки на анкетари; теренско истражување; подготовка на извештај; средби со претставници на локалната самоуправа, директорите на училиштата и локалните институции; средби со медиумите)
- Информирање и едукација (подготовка и печатење на флаери; информативно-едукативни работилници во средните училишта; информативни сесии за можностите за вработување и активните мерки за вработување; информативни трибини за пошироката јавност; средби со бизнис заедницата; дебатни емисии на локалните ТВ станици; национална завршна конференција)