Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“ е невладина непрофитна истражувачка организација (тинк-тенк) која работи на економските и социјалните аспекти на ЕУ интеграцијата од значење за Република Македонија и земјите од Југоисточна Европа. Оваа мисија се реализира преку повеќе програми и проекти насочени кон применетите политики, кои придонесуваат кон напорите на носителите на одлуки во дизајнирање и реализација на применетите политики, како и преку поддршка на централната и локалните власти, бизнис и граѓанскиот сектор во нивната комуникација и соработка.

Од своето основање, Студиорум има изработено голем број истражувачки проекти и анализи на применети политики, во области релевантни за ЕУ интеграциските процеси; еден од проектите кој е се уште активен е издавањето на Списанието за европски прашања „Евродијалог“, кое се занимава со теориски и применети аспекти на ЕУ интеграцијата на Македонија и другите земји од ЈИЕ. Како независна тинк-тенк организација, Студиорум обезбедува средства главно преку проектни грантови.

Конституенти

Општата јавност и артикулирање на нејзините интереси и потреби преку анализи, застапување и дијалог меѓу јавниот и граѓанскиот сектор.

За проектот што е поддржан од Цивика

Индекс на граѓанско општество – анализа и поддршка за развој на граѓанското општество

За што е потребна акцијата

Општествените промени како динамичен процес наметнуваат потреба од постојано граѓанско делување како поддршка или коректор на јавните политики кон остварување на интересите на граѓаните и промовирање добро владеење, заштита и унапредување на човековите права и демократијата. Од овие причини, битно е да се увиди состојбата на ГО, да се мапираат пречките, предизвиците и потребите, и да се донесат препораки, базирани на докази, кои ќе придонесат за зајакнување и зголемување на неговата одржливост. Клучната цел на ГОи е унапредување и развој на ГО. Преку оваа акција ќе се адресираат предизвиците со кои се соочува ГО, како постоењето на критична маса за промени во општеството, ниската стапка на граѓански активизам и ангажман и човечки ресурси. Целните групи на акцијата се ГОи и општата јавност, но и јавниот и деловниот сектор, академијата и стручната јавност, медиумите и донаторската заедница. Целта на акцијата е зајакнување на капацитетите, одржливоста и влијанието на ГО и неговата улога во општествените промени, придонесувајќи кон остварувањето подобра соработка меѓу ГО и меѓу нив и властите, која ги одразува очекувањата, проблемите, потребите и приоритетите на граѓаните. Во рамките на акцијата ќе бидат земени предвид трансверзалните теми на ЦМ, со внимателно запазување на родовата еднаквост, меѓуетничките односи и обезбедување еднакви можности за вклучување преку однапред дефинирани критериуми на афирмативна акција.

Цели и резултати

Општа цел: Зајакнување на капацитетите, одржливоста и влијанието на ГО и неговата значајна улога во општествените промени.

Специфична цел: Согледување на состојбата со ГО преку истражување, размена на знаења, искуства и информации кои се од применета важност и практична корист за ГО кон остварување на општата цел.

Резултати

  • Ажурирана и адаптирана методологија за спроведување на ИГО во склад со современите предизвици и потреби на ГО.
  • Изработен и промовиран национален аналитички извештај за ИГО.
  • Креирани и промовирани онлајн ресурси/алатки за визуелизација на резултатите, самопроценка и самозајакнување на ГОи.

Активности

Акцијата ќе се реализира преку три пакети на активности:

  • Пакет 1: Адаптирање и контекстуализација на постоечката методологија на ИГО и пилот примена на адаптираната методологија.
  • Пакет 2: Спроведување на ИГО преку примарни и секундарни податоци, изработка и промовирање на национален аналитички извештај.
  • Пакет 3: Обезбедување овозможувачка средина и алатки за зајакнување на капацитетите на ГО, преку онлајн ресурси и алатки.

Буџет

3.494.610 МКД

Период на спроведување

1.04.2016 г.- 31.03.2018 г.