Вкупен буџет: 2.742.040
Времетраење: 01.4.2015 – 31.3.2018

Здружението „Центар за развој на заедницата Кичево“ е невладина, непартиска и непрофитна организација, формирана во декември 2006 година. Здружението е правен наследник на Центар за поддршка на НВО Кичево воспоставен во 2002 година.

Визија на ЦРЗ Кичево е препознатлив и доверлив партнер при креирање на локални политики  и релевантен консултиран фактор за донесување на одлуки.

Мисијата на ЦРЗ Кичево е да креира функционална мултиетничка заедница базирана на принципите на добро владеење и на проактивно граѓанство. Мултиетничкиот состав на општината, затвореноста на заедниците во нивните кругови е предизвик за организацијата за успешно остварување на мисијата, свесна дека треба постојано да работи со своите конституенти.

Конституенти

Конституентите се поделени во три категории: корисници, членови и волонтери, односно конституенти на Центарот се граѓанските организации од регионот, јавните институции и локалната самоуправа, урбаните и руралните заедници, образовните институции, но и индивидуалните членови и младите волонтери.

Претходно искуство/проекти

Во своето делување Центарот ги вклучува речиси сите невладини организации од Кичевскиот регион, кои, во првите години, ги користеле ресурсите и можностите што им ги давале. Активно работел на зајакнување на невладините организации, придонесувал за престојните процеси на децентрализација посебно значајни за Кичево како мултиетничка средина и фокусирање на процесите на локален развој, демократија и европски перспективи.

Областите на добро владеење, децентрализација, промовирање на доби меѓуетнички односи и промовирањето на родовата еднаквост се оние каде ЦРЗ Кичево гради  односи на влијание и остварување позитивни промени.