ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРКУЛТУРЕН ДИЈАЛОГ- ЦИД
Објавено: 26/05/2016
Вкупен буџет: 3.585.292
Времетраење: 01.4.2016 – 31.3.2018
Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) е невладина, непрофитна организација која работи во Република Македонија и пошироко во европски рамки. ЦИД е основан во 2006 година со цел да направи простор за младите луѓе од Куманово за самоостварувње и активно вклучување во општеството, имајќи го во предвид нивото на мултикултурализам и предизвиците кои ги носи истиот во Куманово. Мисијата на ЦИД е да обезбеди одржлив развој на заедницата преку креирање на можности за квалитетно вклучување на граѓанскиот сектор, подобрување на можностите за учење и активна инволвираност на младите и други граѓани.
Конституенти
Примарни конституенти на ЦИД се млади луѓе на возраст од 13 до 30 години кои го формираат членството. Покрај нив, секундарни конституенти се граѓаните кои се вклучени во процесите на образование или работат со млади луѓе, граѓанските организации, институциите итн. Како внатрешни конституенти ги разбираме: членовите, волонтерите, персоналот и водството на организацијата, кои се пред се млади луѓе на возраст од 16 до 30 години.
Претходно искуство/проекти
ЦИД работи на неколку тематики:
- Младинската работа во ЦИД: Во 2010 ЦИД воспостави систем за поддршка на млади во Општина Куманово познат меѓу младите како “Мулти Култи” младински центар.
- ЦИД и младинското учество: ЦИД дава можност на многу млади луѓе во заедницата да учествуваат во процесот на донесување на одлуки кои се важни за нив, на организациско, на училишно и на општинско ниво.
- ЦИД во поддршка на граѓанското општество: ЦИД активно работи на развивање на капацитетите на граѓански организации, за директно вклучување на граѓаните во заедницата;
- Образовна поддршка: ЦИД е посветен на развивање на компетенции на млади едукатори кои се способни за поддршка и промовирање на процесот на неформално учење во различни контексти;
- ЦИД и дијалогот меѓу заедниците: ЦИД е активно вклучен во координација на платформи на граѓанското општество кои работат на подобрување на односите меѓу заедниците во Куманово и Македонија.
- ЦИД на меѓународно ниво: ЦИД е една од најискусните организации за мобилност на младите, нудејќи размени на млади во контекст на образование. ЦИД е член на повеќе меѓународни мрежи и активно спроведува процеси од младинска работа и граѓански сектор и на Европско ниво.