ЦИРО е основан во мај 2015 година од страна на девет млади луѓе од Охрид кои имаат познавања од различни области, а заедничка цел им е да го подобрат квалитетот на живот во Охрид, особено на младите луѓе.

Визијата на ЦИРО е интегриран пристап кон постигнување на одржлив развој на Охрид, преку придонес кон социо- економски развој и инклузија, подобрување на туристичкиот производ на Охрид и висок степен на промоција на културно и природно наследство, притоа зачувувајќи ја и унапредувајќи ја животната средина, поттикнување на развој на цивилно општество и воопшто подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

Мисијата на ЦИРО е да се понудат алтернативни и иновативни пристапи кон решавање на секојдневните предизвици во општеството во различни области релевантни за развојот на Охрид и регионот.

Конституенти

Млади луѓе од 15-30 години од општина Охрид, особено млади кои се занимаваат со екстремен спорт, како и членови на алтернативни бендови или генерално на алтернативна култура.

Претходно искуство

Иако постои една година, ЦИРО веќе беше соработник на Општина Охрид во организација на еден од најголемите настани „Бело Лето 2015“, а во соработка со Општината, приватниот сектор и организации од Скопје, го организираше АЛО 1, кој младите во Охрид (на виртуелни награди #OhridAwards) го избраа за најдобар настан од отворен тип.

Наслов

Алтернативно лето Охрид (АЛО)

За што е потребна акцијата

Генерално, граѓанскиот сектор на локално нив во Општина Охрид не е развиен, додека оние чинители кои се веќе активни не се вмрежуваат и не делуваат проактивно. Од друга страна, и она малку што се нуди од страна на граѓанскиот сектор не е иновативно и атрактивно за апатичните млади, кои сметаат дека во градот ‘не се случува ништо’. Општината како трета страна, нема активна комуникација со најголем дел од граѓанските чинители, настрана од малите грантови кои ги нуди за мали проекти на локално ниво. Овие состојби го намалуваат квалитетот на живот во градот, особено на младите луѓе.

Цели и резултати

Цел

Организирање активности и јавни настани кои ќе овозможат вмрежување на различни граѓански чинители (организации, грас рут движења и млади) на иновативен и уникатен начин со кои ќе се поврзат културата, музиката и спортот. Овие мотоди ќе бидат привлечни за младите и ќе овозможат нивно меѓусебно запознавање и вмрежување, ќе ја поттикнат нивната меѓусебна соработка и ќе придонесат за нови иницијативи за развој на општината од различни аспекти.

Резултати

  1. Зголемена младинска партиципација преку активно вклучување;
  2. Зголемена видливост и вмрежување на различни чинители на локалниот граѓански сектор преку нивна јавна промоција во рамки на АЛО 2;
  3. Зголемен квалитет и промоција на разновидниот спортски живот на ниво на општина Охрид;
  4. Промоција и збогатување на културниот живот на Општина Охрид преку организација на настан кој е уникатен и атрактивен за млади;
  5. Формирање на алтернативен музички бенд составен од млади кои преку својата музика би се бавеле со општествени теми.

Активности

  1. Подготовка
  2. Промоција на проектот во средни училишта;
  3. Објавување повик и вклучување на млади волонтери во активностите на проектот;
  4. Менторство за 5-7 млади за формирање на алтернативен музички бенд кој се бави со општествено ангажирани теми;
  5. Идентификување на различни чинители од локалниот граѓански сектор (организации, (не)формални иницијативи, активисти) и Општина Охрид;
  6. Организација на АЛО.

Буџет

297.000 МКД