Центарот за информативна и логистичка поддршка НОВ КОНТАКТ од Скопје, е невладина, непартиска и непрофитабилна организација која преку своите програмски цели презема низа активности во интерес на развојот на граѓанското општество како и зајакнување на врската со македонските граѓани во странство и странски лица со престој во Р. Македонија.

Преку своите активности придонесува за промовирање и поддршка на научни, културно- уметнички, спортски и хуманитарни манифестации во земјата и во странство со цел унапредување на комуникацијата и соработката со македонската дијаспора во светот, како и презентирање на македонските национални, традиционални и културни вредности. Исто така, има за цел да ја следи динамиката на миграциските процеси во земјата и во светот, а преку информативни активности да придонесе при решавање на проблемите кои се јавуваат при патувањето и престојот на граѓаните во земјата и странство.

Здружението разработува и проекти со хуманитарна природа со единствена цел, поддршка за подобрување на животните услови на стари и изнемоштени лица, лица со посебни потреби, деца без родители и самохрани мајки. Здружението работи на утврдување на најчестите административни проблеми со кои се соочуваат граѓаните при патување и престој, како и изнаоѓање на решенија за решавање на тие проблеми.

Конституенти

Членови на организацијата, волонтери, соработници и поддржувачи, поединци и здруженија од странство најмногу од земјите на ЕУ каде има голема македонска дијаспора.

Наслов

Развој преку комуникација

За што е потребна акцијата

Зајакнување на соработката, врската и комуникацијата која е во прекин помеѓу граѓанските организации во земјата и странство т.е. дијаспората. Активноста ќе биде насочена кон надминување на неповрзаноста на новата генерација иселеници  и неинформираноста на младите кои претставуваат потенцијална емиграција од Р. Македонија во земјите на ЕУ, а кое преставува загуба за општествениот развој во Македонија. Трансфер на идеи, искуство, и пренос на демократски европски вредности и стандарди се клучното прашање кое ќе биде во фокусот на организираните едукативни и информативни трибини организирани во земјата и странство, на кои предност за размена на идеи и нови предлози ќе им се даде на младите генерации со цел изработка на нов можен модел за идна соработка.

Цели и резултати

Цел

Развиен модел за соработка на македонската дијаспора со граѓанските организации од Македонија.

Резултати

  • Овозможена комуникација помеѓу младата генерација македонски иселеници кои живеат во земјите на ЕУ и Швајцарија и младинци од Р. Македонија;
  • Зајакната врска на младите лица со матичната земја и земја на престој;
  • Придонес во намалување на потенцијалната миграција особено на младите од Р. Македонија;
  • Придонес во намалувањето на злоупотребата на визната либерализација.

Активности

  • Трибина за споделување на предлогот за модел за соработка;
  • Посета и трибина со дијаспората во Швајцарија;
  • Истражување за можностите за комуникација и соработка на дијаспората со Македонија;
  • Завршна трибина за промоција на моделот за соработка;
  • Размена на информации и промоција на резултатите

Буџет

400,000 МКД