Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп
Објавено: 02/03/2016
Центарот за граѓанска иницијатива (ЦГИ) е ГО која делува во Р. Македонија веќе полни 18 години. Организацијата има три приоритети на работа: демократија и човекови права, јакнење на јавната администрација и јакнење на други ГО.
ЦГИ е препознаена од граѓаните како организација што ги штити нивните права во случај на загрозеност, додека институциите ја препознаваат како организација која е длабоко навлезена во процесите на децентрализацијата.
Делувањето на ЦГИ е нивниот идентитет – граѓанинот како единка пред која мора да стои достоинство, почит, еднаквост но и свесност за одговорност, вклученост во процесите на носење на одлуки и иницијативност за околината која го опкружува.
ЦГИ врз овие принципи го гради својот идентитет и ги превзема потребните иницијативи.
Конституенти
Граѓани, единици на локална самоуправа, здруженија на граѓани, месни заедници.
Наслов
Стоп за поплавите
За што е потребна акцијата
Проектот е одговор на временските непогоди и проблемите кои ги создаваат тие во руралните средини, како и слабиот граѓански активизам и меѓусебната помош за време на непогоди. Во реонот на Новаци и Кривогаштани минатата година имаше поплави кои се одразија штетно врз животот во овие општини, односно настрадаа животните, земјоделските култури, имотите на жителите на овие општини. Во периодот што следи (есен – зима) се очекува зголемување на количините на вода во овие општини затоа што следи период со врнежи на дожд и на снег. Активностите од проектот ќе помогнат за пресретнување на проблемите со зголемените количини на вода во општините и секако пресретнување на проблемите со поплавите.
Цели и резултати
Цел
Намалени последиците од временските непогоди (поплави) во општините и зголемената свесност на граѓаните за справување со временски неприлики.
Резултати:
- Зголемена свесноста на граѓаните за нивно учество во пресретнување на проблемите од големите количини вода (поплави);
- Изработен Годишен план за чистење на канали и поправка на насипи.
Активности
- Предавања за климатски промени и за организирање на акции за чистење на околината и собирање на помош при временски непогоди
- Кампања за чистење на околината (одводни канали, речни корита сл.)
- Изработка на распоред за активности во текот на годината на месното население за пресретнување на поплавите
Буџет
385,000 МКД