ЦЕНТАР ЗА ЕКOНОМСКИ АНАЛИЗИ, СКОПЈЕ
Објавено: 16/08/2016
Центарот за економски анализи (ЦЕА) е истражувачки центар составен од економисти кои делат заедничка визија за Република Македонија како нова европска економија во подем, интегрирана со регионалните и светските пазари. ЦЕА е основана во март 2003 година. Главната мисија на ЦЕА е постојано да ги истражува економските случувања и јавната политика во Република Македонија и да понуди препораки, предлози и мерки на владините и невладините институции. Веруваме дека капацитетот на членовите на ЦЕА за квантитативна анализа и професионална работа резултира во професионална институција која ќе ја зајакне дебатата за јавни политики и ќе создаде економска средина за раст и развој на македонската економија.
Целите на ЦЕА се следниве:
- Обезбедување квалитетна анализа на политики;
- Поддржување изведлива економска политика во Македонија;
- Помагање во развојот на средина која донесува повисоко ниво на инвестиции, забрзан развој и раст во македонската економија, како и членство во ЕУ;
- Достигнување финансиска одржливост;
- Поттикнување на регионална соработка и поддршка на Балканот;
- Зајакнување на граѓанското општество, општествениот капитал и доверба.
Конституенти
Генерални конституенти на организацијата: граѓаните, јавниот сектор, приватниот сектор.
За проектот што е поддржан од Цивика
Децентрализирани граѓански иницијативи за поефикасна фискална децентрализација
За што е потребна акцијата
Предложените активности имаат за цел да ја утврдат состојбата на степенот на влијание на ГО врз децентрализацијата односно носењето на локалните политики и одлуки, да ги утврдат недостатоците како и перцепцијата за степенот на влијание на ГО врз децентрализацијата и локалните одлуки. Од друга страна пак ќе се унапредат знаењата на локалните организации за формите и механизмите за следење како и застапување на локалните децентрализирани иницијативи пред локалните носители на одлуки. Преку ова ќе се придонесе кон унапредена демократија и децентрализација на ГО, поголемо активно учество, учење, споделување помеѓу ГО за поефикасно локалното владеење. Оттука директно ќе бидат опфатени и оние организации кои се дел од ЦМ.
Цели и резултати
Општа цел: Децентрализирани граѓански иницијативи за поефикасна фискална децентрализација.
Специфична цел: Унапредување на капацитетите на локалните граѓански организации за поефективно учество во носењето на локалните политики и одлуки за децентрализирано влијание.
Резултати
- Унапредени капацитети на локалните граѓански организации во сите плански региони во Македонија за поефективно учество во децентрализацијата преку вклучување во носењето на локалните политики и одлуки.
- Идентификуван степенот на учество и ефектите на иницијативите на граѓанскиот сектор во носење на локалните децентрализирани политики како и форми на финансирање на ГО преку локалните буџети.
Активности
- Истражување и анализа на степенот на финансирање на локалните организации од локалните буџети (буџетите на ЕЛС како единки на фискална децентрализација) и влијанието на ГО врз локалните иницијативи
- Идентификација на потребите и знаењето на локалните ГО за формите на учество во работата на ЕЛС како и ефективноста на локалите ГО со цел поефикасна децентрализација
- Зголемување на капацитетите на локалните организации за поддршка на понатамошната децентрализација во Македонија и поефикасни децентрализирани граѓански иницијативи
Буџет
3.391.155 МКД
Период на спроведување
1.04.2016 г.- 31.03.2018 г.