Буден Театар е независен театарски колектив, основан како здружение на граѓани, активен од 2008 година. Главниот фокус е развојот и растот на независната театарска сцена во РМ, нејзина меѓународна промоција, и стимулирање на интеркултурна размена. Буден Театар продуцира театарски претстави, организира семинари наменети за театарски професионалци, креативни курсеви за деца, и е организатор на Меѓународниот фестивал за куклен театар „Фенер“. Преку делата кои ги работи Буден Театар се стреми за поместување на социјалните табуа, проток на оригинална мисла и истражување на нови современи изразни средства во театарот. Креирајќи за детската публика, театарот се стреми на децата да им создаде здрави основи за расудување и перцептивност, и да ја развие нивната фантазија. Основа на претставите се значајни литературни автори за деца. Буден Театар има продуцирано детски куклени претстави и во Унгарија и во Чешка. Членовите на театарот ја користат уметноста за поттикнување на општествена инклузивност. Буден Театар е член на меѓународната мрежа за театар наменет за детска публика, Аситеј.

КОНСТИТУЕНТИ

Основните училишта во општина Центар, Скопје, културните центри, транзитни и прифатни центри за бегалците во Македонија.

НАСЛОВ

Видео писма-креативни активности за намалување на стигматизацијата и изолираноста на децата бегалци

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Медуимите во Македонија создаваат искривена слика за бегалците која ги претставува како закана за безбедноста на Македонија. Овие деца покрај траумите кои ги носат од војната, во моментов живеат во ограничен простор, во кој забраната за движење е ја спроведуваат полициски сили, што несомнено се одразува на психичката состојба на овие деца. Жртви на неетичкото медиумско презентирање на бегалците се и децата, жители на Македонија. Ова е контрапродуктивно на градењето прогресивно инклузивно и мултикултурно општество, и е предуслов за создавање нетолеранција, омраза и конфликти. Проект цели истовремено кон децата бегалци, и децата жители на Македонија овозможувајќи им на индиректен начин да се запознаат едни со други, да ги срушат предрасудите, и да изградат мостови на пријателство и взаемна надоградба.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Цел

Намалување на стигматизацијата и изолираноста на бегалските деца, намалување на предрасудите за бегалците кај македонските деца, и градење на мостови на пријателство и подршка помеѓу нив.

Резултати

  • Воспоставување на контакт помеѓу децата бегалци и децата од Македонија и размена на културни вредности од земјите од кои потекнуваат.
  • Намалувањето на стресот кај децата-бегалци и одвлекување на фокусот од лошите услови во кои живеат и неизвeсноста за нивната иднина, преку насочување на фокусот кон креативност, конструктивност и пријателство.
  • Намалување на предрасудите кои ги имат децата во Македонија кон децата бегалци.
  • Користење на новите медиуми како креативен начин за надминување на бариерите поставени од системот.
  • Преку презентацијата на видеото во рамките на фестивалот „Фенер“.
  • Подигнување на јавната свест за потребата од комуникација со децата на актуелни теми за кои дознаваат преку медиумите.

АКТИВНОСТИ

  1. Децата од ТЦ Табановце и П.Ц. Визбегово разменуваат видео писма со децата од О.У. во Општина Центар-Скопје.
  2. Во тек на наредните седум средби кои ќе се одвиваат паралелно со децата во камповите, како и со децата во основните училишта, фокусот се преместува врз конкретна работа на театарска куклена претстава
  3. Видео материјалите од двете групи се монтираат во заеднички филм
  4. Децата од Скопје (доколку биде добиена дозвола) ги посетуваат своите другарчиња од камповите. На заедничката средба се проектира филмот составен од видео писмата. Доколку средбата не биде легално овозможена, целосниот филм ќе биде проектиран кај двете групи деца поодделно.
  5. Истиот филм се проектира во рамките на третото издание на фестивалот за куклен театар „Фенер“, кој во организација на Буден Театар ќе се одржи во просториите на Кино Култура кон крајот на ноември.
  6. Дебата по проекцијата, со гости психолог и социјален работник, на тема „Како да комуницираме со нашите деца на темата бегалска криза“.
  7. Медиумска кампања (социјални мрежи и печатени медиуми) која ќе известува за спроведените активности, со цел поширок импакт врз јавоста во рушењето на негативните стеротипи поврзани со бегалците.

БУЏЕТ

400.000,00 МКД