Блерта Арифи
Објавено: 24/01/2018
Кратка биографија
Блерта Арифи ги има завршено своите додипломски и магистерски студии на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово (УЈИЕ). Во моментов е студентка на докторски студии на истиот факултет, на катедрата Кривично право.
Во однос на работното искуство, таа работела како студентски советник и соработник на Правниот факултет при УЈИЕ, а од 2015 е асистент докторант по кривично право.
Докторска дисертација
КАЗНЕНА ПОЛИТИКА ЗА КРИМИНАЛОТ НА ДЕЦА И МЕТОДИ ЗА НЕГОВО ОТКРИВАЊЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОД 2006-2015
Резиме
Истажувачкиот труд се состои од три дела, поделени на девет глави и подглави.
- Казнената политика на кривично-правиот систем за криминалот на деца во Македонија во периодот 2006-2015
- Превентивни политики за спречување на криминалот на деца во Македонија во периодот 2006-2015
- Методологија на откривање и објаснување на голем број на кривични дела извршени од страна на деца
Цели
Целта на истражувањето е студирање на превентивна и казнена политика против криминалот на децата во Македонија во периодот 2006-2015 година.
Значајност за граѓанското општество
Тоа што е најважното за применливоста на овој труд за граѓанското општество е рефлексот кој ќе биде продукт на анализа и споредба на неколкуте регионални и светски казнени системи за инкриминираните деца, и тоа во Албанија, Косово, Хрватска, Холандија, Швајцарија, Норвешка и Англија. Исто така, неговата применливост ќе дојде до израз и преку резултатите од анализирањето на превентивни политики за спречување на криминалот и со резултатите од Анкетата со децата осудени на казна затвор и со заводски мерки.
Времетраење: 1.3.2017 – 28.2.2018
Буџет: 163.000 МКД