Вкупен буџет: 2.985.660
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018

ХЕРА е основана во 2000 г. како резултат на отсуството на информации, бесплатни и доверливи услуги за ХИВ превенција и тестирање, и недоволната грижа и третман за луѓето кои живеат со ХИВ. Од самите почетоци ХЕРА го насочи своето дејствување во пошироката тема на сексуално и репродуктивно здравје и човекови права (СРЗП). Денес ХЕРА работи на 10 подрачја поврзани со СРЗП, има тим од 25 вработени, заедно со голем број даватели на услуги, 80 волонтери и 118 членови на Собранието. Помеѓу мноштвото мрежи и платформи чиј иницијатор/членка е, од 2009 е полноправна членка на Европската мрежа на Федерацијата за планирано родителство. ХЕРА се залага за унапредување на човековите права на сите луѓе во областа на сексуалното и репродуктивно здравје, засновани на принципите на социјална правда и родова еднаквост, користејќи стратегии на застапување, обезбедување на образование и услуги и континуиран и системски развој и истражување. Мисијата ја остварува преку обезбедување бесплатни, доброволни и доверливи услуги, соработка со законодавниот дом, извршната власт и граѓанските организации, преку застапување засновано на научно докажани аргументи и истражувачката дејност.

Конституенти

Во најширока смисла, конституенти на ХЕРА се: корисниците на нејзините услуги од областа на сексуалното и репродуктивно здравје (припадници на маргинализираните заедници, жени, деца и младинци изложени на семејно насилство, од различни етнички заедници, групи под особен ризик од ХИВ, лица кои живеат со ХИВ, лица со попреченост), членовите и волонтерите на ХЕРА, граѓанските организации кои работат на полиња блиски до работата на ХЕРА, донесувачите на одлуки, институциите, медиумите и општата јавност.

Претходно искуство/проекти

ХЕРА има работено на многу проекти, и придонесено многу за разбивање на некои ТАБУ теми, како и поголема заштита од ХИВ, и поголем процент на сексуално образовани граѓани. Теми кои се истакнуваат: сексуалните права, сексуално образование или сеопфатното сексуално образование, ЛГБТ правата, правото на абортус, семејното насилство, здравјето на Ромите итн.

Веб страница