Асоцијацијата за неформална едукација на Ромите „Ромска солза“ – Прилеп е локална организација формирана во 2006 година, пререгистрирана во 2011 година согласно Законот за здруженија и фондации, а во 2016 година пререгистрирана со усвојување на нова управувачка структура и нов статут на здружението.

Нивната мотивација за работа е подобрување на животот на Ромите во Република Македонија преку искористување на основните човекови права и искористување на законската регулатива за поквалитетен живот на Ромите.

Главна цел на здружението  е: Интегрирани Роми и останати маргинализирани групи на граѓани стекнати со знаење,  подготвени  да се вклучат во застапување и да се залагаат за своите права, промовирајќи го принципот на недискиминација.

Конституенти

Ромската заедница, правни и физички лица од различни профили.

Наслов

Преку интегрирано делување до намалување на дискриминацијата

За што е потребна акцијата

Проблемот на расна дискриминација и етничко профилирање станува почеста појава  со која што се соочуват Ромите.  Голем број на правни и физички лица од приватниот и јавниот сектор во јавниот живот ги ограничуват Ромите да користат нивните услуги.

Цели и резултати

Цел

Иницирање на интегрирано дејствување за општествени промени за намалување на дискриминацијата.

Резултати

  • Утврдена фактичка состојба за дискриминација – причини за дискриминација;
  • Зајакнати капацитети на засегнатите страни;
  • Вмрежено (заедничко дејствување) на засегнатите страни за намалување на дискриминацијата.

Активности

  1. Подготвителни активности;
  2. Креирање на прашалник и спроведување на анкета за главните причини за дискриминацијата;
  3. Преставки и писмени реакции за дискриминаторско однесување до институциите на државата и јавните објекти во приватна сопственост;
  4. Анализа на состојбата преку интервјуа со дискриминирани лица и потенцијални;
  5. Видео запис (краток филм) во кој ќе бидат сублимирани резултатите од анкетата и од интервјуата;
  6. Јавна расправа за презентирање на резултатите (промовирање на филмот) со вклучување на сите засегнати страни;
  7. Завршна конференција за донесување на заклучоци и насоки за натамошно делување.

 

Буџет: 120.200 МКД

Времетраење: 10.11.2017 – 09.3.2018