АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНА МОБИЛИЗАЦИЈА
Објавено: 25/01/2017
Вкупен буџет: 1.499.160
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018
Асоцијација за интернационална мобилизација е формирана врз заедничка визија на повеќе млади луѓе. Нашата визија е да видиме општество со прогресивни и мобилни граѓани, посебно оние од помладата категорија. Токму големата летаргичност помеѓу младото население во регионот од којшто доаѓаме не мотивираше да отпочнеме со преземање на се што е во наша можност за да го поправиме тоа. Нашата мисија е веќе отпочната, главно преку учество во европски проекти каде што нашите членови и волонтери се запознаваат со значењето на активни млади граѓани.
Конституенти
Нашите конституенти се главно студенти или средношколци од Виница како и волонтерите кои се активно вклучени во работата.
Претходно искуство/проекти
Искуството на АИМ се темели пред се на европски проекти, преку програмата Ерасмус+, но и на учеството во проекти на национално ниво.
- „Преку идеја до реализација“ – јакнење на личните компетенции на студентите и средношколците при нивниот влез на пазарот на трудот;
- „Млади борци против невработеноста“ – подигање на професионални вештини, компетиции и знаења на учениците од средно стручно образование;
- B.U.I.L.D – оценка на резултатите на проектот со кој беа истражени и презентирани фондовите за младинско вработување кои ги нуди Европската Унија во секоја држава посебно.