Асоцијација на економски истражувачи (АЕИ) Скопје
Објавено: 25/01/2017
Вкупен буџет: 2.001.690
Времетраење: 01.1.2017 – 30.6.2018
Степенот на спроведување на квалитетни и независни економски истражувања во Македонија, иако во подем, сè уште е на многу ниско ниво. Оттука и нашата идеја за вмрежување на што поголем број на независни истражувачи кои меѓусебно ќе се предизвикуваат и помагаат, а ќе се поврзуваат и со други граѓански организации и активисти, а преку тоа ќе влијаеме за остварување на нашата визија за подобрување на квалитетот на јавните политики.
Нашата визија е: Да се подобри квалитетот на социо-економските политики.
Нашата мисија е: Да стимулира соработка помеѓу економските истражувачи и аналитичари, да промовира високо квалитетни независни истражувања и анализи, да охрабри критички дебати поврзани со економските проблеми и случувања, да влијае на граѓанското општество и преку ова да придонесе за креирање на подобри јавни политики.
Организацијата нема пишани правилници и кодекси за работа, но сепак има воспоставена пракса за редовна електронска и лична комуникација меѓу членовите. Функционираме на принцип на еднаквост, партиципативност и тимска работа.
Конституенти
Членовите, други аналитичари и истражувачи, студенти, новинари, граѓански активисти, граѓански организации.
Претходно искуство/проекти
Од основањето до сега АЕИ функционира претежно преку проектни активности, кои се многу корисни за личен развој на членовите, но сепак се ограничувачки за општественото влијание. Досега АЕИ спроведувал седум проекти поддржани од меѓународни фондации, главно на полето на социјални политики и социјална инклузија, но и на темите партиципација на жените на пазарот на труд, поттикнување на вработеноста кај младите, намалување на сиромаштијата и социјалните разлики. Ова се дел од проектите:
- Вклучување на жените во социоекономскиот живот: Докази од новите податоци
- Кога има „Кузетсова“ крива?
- Разидувањето на правописот на невработеноста и вертикалните вештини: случајот со младите од Македонија