Мисијата на Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит е проучување, градење и промовирање на практики на развој и добро управување преку: развој и промовирање на демократски практики; унапредување на граѓанското општество; развој на правниот и правосудниот систем; намалување на сиромаштијата, поттикнување на одржлив развој, и унапредување на општествената одговорност на претпријатијата. Зенит работи во партнерство со поединци и организации од Македонија и странство на проучување, градење и промовирање на активности и практики на развој и добро управување кои ќе придонесат кон општествен напредок и благосостојба. Заради тоа, асоцијацијата врши истражувања; организира образовни активности и обуки; подготвува и реализира семинари, расправи и дебати; врши издавачка дејност и изведува активности за застапување. Притоа, соработуваат со јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и со поединци во согласност со мисијата и целите.

Конституенти

Граѓани, вклучително и политичари, кои се поборници на доброто владеење и интеграцијата во ЕУ; членовите и персоналот на организации на граѓанското општество, вклучително и медиуми, во секторите на делување; експерти во секторите на делување; јавни/државни службеници на национално и локално ниво во Македонија и Југоисточна Европа со ингеренции во секторите на делување на Асоцијацијата; сопственици на и вработени во претпријатија што се стремат да бидат општествено одговорни; персоналот и раководителите на меѓународни организации кои го промовираат доброто владеење.

За проектот што е поддржан од Цивика

Нема подобрување без мерење – иновативен модел за набљудување, оценка и известување за граѓанскиот сектор во Македонија

За што е потребна акцијата

Реалната состојбата во граѓанскиот сектор во Македонија говори дека граѓанските организации се соочуваат со објективни проблеми при осмислување и примена на системи за набљудување на своите активности. Таквата состојба е резултат на немање интерес за НОИ кај граѓанските организации, што се должи на повеќе фактори, како што се: некои донатори го ставаат НОИ во втор план; немање соодветен кадар кај повеќето граѓански организации; ГО не одделуваат средства за надворешна оценка, дури и кога донаторите ја дозволуваат таквата можност; ГО немаат доволно информации за НОИ од аспект на оценување на резултатите; статистичкиот информациски систем во Македонија честопати не ги следи клучните показатели за општествените состојби и процеси коишто се значајни за ГО; темата за НОИ е запоставена во бројните обуки за граѓанскиот сектор за управување со проектен циклус; нема прилагодени алатки и методологии за НОИ на контекстот на граѓанскиот сектор во Македонија. Предизвиците може да се согледаат и од јазичен аспект: обрасците за известување на донаторите најчесто се достапни само на англиски јазик, а многу ретко на македонски или албански јазик; не постои сеопфатна македонска терминологија за поимите од сферата на набљудување, оценка и известување.

Цели и резултати

Општа цел: Унапредено управување со граѓанските организации во Македонија и подобрена способност да мобилизираат ресурси и конституенти за промовирање општествена промена.

Специфична цел: Унапредени капацитети и соработка за систематско набљудување, оценка и известување на граѓанските  организации во Македонија, со фокус на Цивика мобилитас и нејзините грантисти.

Резултати

  • Развиен модел за НОИ соодветен за граѓанскиот сектор во Македонија;
  • Споделен модел за НОИ со граѓанските организации и обезбедена поддршка за негова примена;
  • Обезбедена поддршка на програмата Цивика мобилитас за активности поврзани со НОИ.

Активности

  • Истражување на светски признати пристапи за набљудување, оценка и известување и нивна примена за развивање на модел соодветен за граѓанскиот сектор во Македонија.
  • Поддршка на програмата Цивика мобилитас и споделување на знаење со граѓанските организации (со фокус на грантистите на ЦМ) за примена на развиениот пристап и алатки за НОИ

Буџет

3.067.829 МКД

Период на спроведување

1.04.2016 г.- 31.3.2018 г.