Асоцијација за чиста животна средина „Ајде Македонија“
Објавено: 02/03/2016
Асоцијацијата „Ајде Македонија“ е основана од организации кои во своето делување работат и ги поддржуваат принципите на одржливо унапредување преку концептот „Нула отпад“. Главната мотивација на организациите основачки беше големиот еколошки и општествен проблем со кои се соочува Македонија, наречен отпад. Ајде Македонија се залага, се што се произведува повторно да се користи, поправи, компостира или рециклира назад во системот. Нешто што не може да се поправи, компостира или рециклира треба да се редизајнира и да се замени или оданочи/забрани. Ајде Македонија има позитивистички пристап на промена, бидејќи веруваме дека борбата со страшната состојба со отпадот во Македонија е поради ниската свест на граѓаните, а со тоа и на организациите/институциите. Нашето делување е насочено кон постојано подигнување на свеста, но и создавање на инфраструктура.
Конституенти
Шесте организации членки (во Скопје, Охрид и Кратово), клубовите Ајде Македонија во Штип и Гимназијата НОВА- Скопје.
Претходно искуство
Главните успеси се досегашните национални акции, кои за разлика од оваа не беа насочени кон директно вмрежување на различни фактори, повеќе се гледаше на бројката на мобилизирани граѓани и бројот на исчистени депонии (4 години = 100.000 мобилизирани граѓани, над 450 исчистени локации). Најнови достигнувања се изработка на кост-бенефит анализа управувањето со отпадот во Македонија за периодот од 2009-2014 година и започнување на организиран систем на собирање и реупотреба/поправка на текстил.
Наслов
Македонија без отпад 2016
За што е потребна акцијата
Во Македонија речиси секоја општина има своја неуредена депонија, односно има 54 општински депонии на кои завршуваат околу 70% од отпадот (490.000 тони годишно). Останатите 30% (210.000 тони годишно) се отстрануваат на бројни локации (повеќе стотини) во близина на населените места што не добиваат организирана услуга за собирање на отпадот, главно во долови, покрај патишта, реки, а некогаш и во река. Нецелосната покриеност на населението со услуга за собирање на отпадот особено во руралните подрачја се лоцира во недоволниот капацитет и ресурси на комуналните претпријатија и општините како и ниската свест на граѓаните што одбиваат да бидат приклучени кон услугата и да платат за неа. Поради овој факт, иницијативите како нашата, се од клучна важност за да се зголеми капацитетот, да се развие јавната свест и да се вклучат директно граѓаните во решавање на проблемите на локално ниво.
Цели и резултати
Цел
Да се обезбедат одржливи решенија за управување со отпадот во Македонија преку мобилизација на граѓаните и влијание врз политиките на национално и локално ниво.
Резултати
- Подигната јавна свест за проблемот со отпадот;
- Вклученост на над 100 граѓански организации во решавање на проблемот со дивите депонии на локално и национално ниво;
- Зголемување на вклученоста на граѓаните во организираното собирање на комунален отпад на 3% на национално ниво;
- Намалување на нивото на загаденост на водата, воздухот и почвата на национално ниво за 2%
Активности
- Создавање мрежи на граѓански организации, граѓани, неформални групи, локални самоуправи и национални власти;
- Вмрежување на граѓански организации, граѓани, неформални групи, локални самоуправи и национални власти;
- Промотивна кампања;
- Национална акција за чистење на отпадот;
- Евалуација и завршен настан.
Буџет
400.000 МКД