ПРВ СКОПСКИ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД
Објавено: 12/12/2017
Првиот скопски извиднички одред (ПСИО) е најстариот извиднички одред во Р.Македонија. Формиран е есента 1952 година, за подоцна во 1953 година да се регистрира во Сојуз на извидници на Македонија (СИМ). ПСИО е дефиниран како невладина, доброволна и воспитна организација за деца и млади, отворена за сите без оглед на националната или верската припадност. Мисијата на извидниците е да придонесат во образованието на младите, преку систем на вредности, да помогнат да се изгради еден подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ова се постигнува со вклучување на младите во не-формалниот образовен процес со користење на специфичниот извиднички метод што го прави секој поединец главен агент во својот развој. Методот по кој се работи во ПСИО се заснова на седум основни елементи и тоа: учење преку работа/игра, извиднички завет и закони, природа, симболичка рамка, поддршка од возрасните, работа во мали групи и личен развој.
Конституенти
Примарна целна група: 200 деца од скопскиот регион со помалку можности, маргинализирана група во која спаѓаат: деца во социјален ризик, деца без родители, деца од улица, деца со посебни потреби без разлика на етничката припадност.
Секундарна целна група: 70 деца извидници од Првиот скопски извиднички одред.
Наслов
СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И ИНКЛУЗИЈА НА ДЕЦА СО ПОМАЛКУ МОЖНОСТИ ПРЕКУ ИЗВИДНИЧКИОТ МЕТОД
За што е потребна акцијата
Децата со помалку можности, опфатени во целната група немаат еднаква можност и прилика да уживаат во сите привилегии како останатите деца. Овие деца немаат ни можност своето слободно време да го исполнат продуктивно со разни активности надвор од основното образование.
Преку социјална кохезија и инклузија во извидничката организација, оваа акција ќе им овозможи на децата неформално образование и еднаков пристап кон активностите и вештините кои се стекнуваат. Тие ќе имаат можност да се запознаат и дружат со деца врсници од повеќе општини во Скопје.
Цели и резултати
Цел
Целта на акцијата е да се придонесе во образованието на децата преку систем на вредности врз основа на извидничкиот метод, да се помогне да се изгради подобар свет, каде што тие се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во граѓанското општество.
Резултати
- Социјално вмрежување на 200 деца од целната група кон најголемото младинско движење во светот;
- Вклучување во процесот на неформално образование;
- Социјален, интелектуален, физички и карактерен развој кај децата;
- 200 деца ќе се стекнат со нови извиднички вештини.
Активности
- Неделни програмски состаноци со деца од целната група во период од септември 2017 година до јуни 2018 година
- Tри обуки за основи на Прва помош и заштита
- Tри обуки за основи на ориентација и топографија
- Централен настан – извиднички натпревар Пролетни бакнежи, прегратки за децата од целната група и извидниците од Сојуз на извидници на Македонија
Буџет: 380.000 МКД
Времетраење: 1.9.2017 – 30.6.2018