ЗДРУЖЕНИЕ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ – КРУШЕВО
Младински Сојуз (МС) е независна, невладина, неполитичка и непрофитна организација основана во 1999 година со примарна цел креирање на динамична средина и обезбедување простор за активно и ентузијастично учество на младите луѓе во сите сфери на општественото живеење. МС е воден од страна на младите луѓе за млади луѓе, овозможувајќи им големо искуство на сите нејзини чинители.
Организацијата е со седиште во Крушево и има подружница во Скопје.
Визијата на МС е активно вклучување на младите луѓе во сите пори од општествениот живот и нивно влијание врз донесувањето на одлуки на локално, национално и регионално ниво.
Вредности и принципи: вклученост, демократија, еднакви можности, отвореност, солидарност, толеранција, разбирање, меѓусебно поддржување и соработка.
Конституенти
Локалните власти, граѓански организации, локални граѓански иницијативи, образовни чинители, работодавци, културни чинители, туристички чинители, етнички малцинства.
Наслов
Враќање во старото училиште
За што е потребна акцијата
Проектот „Враќање во старото училиште“ цели кон подигање на атрактивноста на Крушево и неговата околина, на граѓаните на Крушево, институциите, работодавачите и посетителите. Со Проектот ќе се направат подготовки за трансформирање на убавото, иако „изнемоштено“ наследство на Крушево, старата училишна зграда на ОУ „Никола Карев“ (Горното училиште, изградено во 1910) во монументален „мултифункционален простор“. Тој ќе служи како центар за одржлив, општествен, економски, образовен, културен, туристички (авантуристички) и спортски развој. Идејата е да му се даде нов живот на старото училиште, како место за информации, едукација, комуникација, соработка и организација на инспиративни настани, кои ќе бидат иницирани од граѓаните на Крушево, организирани од граѓанскиот сектор и другите општествени чинители, со што би се поттикнал локалниот развој.
Цели и резултати
Цел
Активно вклучување на заинтересираните и релевантни во областа туризмот во Крушево и околните села во однос на концептуализација, програмирање и дизајн на Старото училиште (Горно училиште, изградено во 1910) како мултифункционален простор за промовирање на локалниот одржлив општествен, економски, културен, туристички и (авантуристички) спортски развој во Крушево и неговата околина.
Резултати
- Добро управување- акцијата ќе обезбеди добра практика на локално владеење, каде локалните власти ќе ја акцентираат инклузијата на граѓаните и нивните организации во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
- Децентрализација- акцијата ќе ја изврши потребната подготвителна работа за потенцијална пренамена на Старото училиште во Крушево како мултифункционален простор кое ќе го поттикне локалниот општествен и економски развој во еден мал град и околните села далеку од Скопје и другите поголеми градови во Пелагонија како Битола и Прилеп.
- Граѓански развој- акцијата ќе даде импулс за развој на локалното граѓанско општество во Крушево, каде што активно работат единствено Младинскиот сојуз – Крушево и некои помали граѓански иницијативи.
Активности
- Анализа на засегнати страни;
- Програмирање, спроведување директни анкети, фокус групи, интервјуа и јавна расправа;
- Дефинирање на правна, институционална и финансиска рамка за идно управување, менаџирање и работење на Старото училиште;
- Развој на проект;
- План за одржливост;
- Бизнис план.
Буџет: 388.000 МКД
Времетраење: 1.7.2018– 15.9.2018
ПРИМА ЦЕНТАР СКОПЈЕ – ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНЕТИ ЗНАЕЊА И КРЕАТИВЕН РАЗВОЈ
Центарот за применети знаења и креативен развој – „Прима центар“ Скопје е здружение на граѓани кое го артикулира креативниот потенцијал во земјава и придонесува за негово поттикнување, насочување и примена.
Самите основачи своевремено беа целната група на која се однесува делувањето на Прима центарот. Чувствувајќи го јазот кој настана после нивното дипломирање, кога се со најголем креативен потенцијал, а условите се уште не овозможуваа нивно вработување, основачите ја препознааа потребата од артикулација на својот креативен потенцијал и формираа организација преку која ќе можат да делуваат преку размена на идеи, проекти и искуства.
Целната група е вклучена во планирањето и одлучувањето за активностите на Прима центар Скопје, преку организирање на различни форми на собири, преку кои на интерактивен начин се дознава за потребите, желбите и воопшто состојбите кај граѓаните и се прават планови за нивно вклучување во проектните активности.
Конституенти
Планинари, туристи, екологисти, извидници, музичари и јавни личности, пожарникари, комунални претпријатија, шумари, Црвениот крст.
Наслов
Шумски свирачи – за чисти и зелени планини и езера
За што е потребна акцијата
По планинарските патеки на Водно и други рекреативни места расфрлани се пластични шишиња и друг ситен отпад. Со оглед на тоа што патеките се тешко достапни за обичните комунални работници, најефикасно е планинарите кои секојдневно се рекреираат таму, во неколку акции да го собираат отпадот.
Цели и резултати
Цел
Собирање на пластичен и друг ситен отпад по тешко достапните планински патеки, едукација на новите посетители за чување на своето ѓубре во ранец, активно учество на познати музички имиња и планинари за поттикнување на планинарите и јавноста за вообичаена еколошка култура кога се престојува во природа.
Резултати
- Промена на еколошката култура кај посетителите кога престојуваат во природа и планина и чистење над 40 планинарски патеки;
- Единствена културна инсталација и комуникација со јавноста преку настапот на музичките ѕвезди на планинарските патеки;
- План за комунална поставеност на канти и организација на рестораните и хотелите кои имаат свои објекти на планината за поедноставно собирање на отпад;
Активности
- Акција за чисти и зелени планини- Шумски свирачи Водно
- Акција за чиста и зелена Матка Шумски свирачи
- Акција за чисти и зелени планини -Шумски свирачи Крушево
- Информации до медиумите и музички прес конференции.
- Изработка на песна и музички настап на Јаков Дренковски „Матка те вика“.
Буџет: 380.000 МКД
Времетраење: 1.7.2018– 4.9.2018
ЗДРУЖЕНИЕ ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА РОМИТЕ (ХДЗР) МЕСЕЧИНА – ГОСТИВАР
ХДЗР Месечина – Гостивар, е граѓанско здружение формирано во 1993 година од интелектуалци Роми во Гостивар. „Месечина“ има хуманитарен и добротворен карактер и придонесува за социјална интеграција, ефективно и еднакво учество во демократските права и потенцијали наменети за ромската заедница, на национално и локално ниво. Организацијата директно ги поддржува и застапува Ромите.
ХДЗР Месечина, има значајни постигнувања во мобилизација на заедницата и јакнење на капацитетот на граѓанските организации. Здружението е една од водечките ГО кои работат со ромската заедница. Таа е дел од неколку формални и неформални мрежи во Македонија и надвор од неа.
Кoнституенти
Ромски информативни центри, ромски здравствени медијатори, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство, граѓански организации кои работат со Роми.
Наслов
Институционализација на Ромски информативни центри (РИЦ) и Ромски здравствени медијатори (РЗМ)
За што е потребна акцијата
Граѓанските советодавни центри од истоимениот проект, со Стратегијата за одржливост на проектот во 2007 година, се трансформираа во проект на Министерството за труд и социјална политика како Ромски информативни центри (РИЦ). Тие денес функционираат како 12 канцеларии во исто толку градови. Исто така, се иницираше проект наречен Ромски здравствени медијатори (РЗМ), кој денес функционира како проект на Министерството за здравство.
Делокругот на работа на овие две структури често се меша со работата на локалните невладини организации и други институции. Често пати од нив институциите очекуваат или бараат работа за која не се или не знаат дали се надлежни. Нивниот обем на работа не е дефиниран, ниту е доволно јасен. Постоеле обиди за средување на надлежностите и дефинирање на работните задачи, но никогаш немало иницијатива од страна на министерствата да ги систематизираат во работни места како административни или јавни службеници.
Цели и резултати
Цел
- Институционализација низ систематизација за вработување на вработените во РИЦ и РЗМ.
- Дефинирање на надлежности и задачи за работа на вработените во РИЦ и РЗМ.
Резултати
- Институционализација и дефинирање на надлежности и задачи на работа на вработените на РИЦ и РЗМ;
- Јасна дистинкција на вработените на РИЦ и РЗМ од други актери кои работат со потребите на Ромите;
- Стекнување со редовен работен однос врз основа на систематизација на работни места на вработените на РИЦ и РЗМ, во рамките на институциите на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство.
Активности
- Подготвителни состаноци со претставници на Одделението за спроведување на Стратегијата за Роми при МТСП и одговорните претставници за РЗМ при Министерството за здравство за креирање на работилниците;
- Работилници за подготовка на работните обврски за РИЦ и РЗМ;
- Градење на човековиот капацитет и техники за вмрежување и соработка со претставници на институции и НВО секторот кои работи за потребите на Ромите.
Буџет: 350.000 МКД
Времетраење: 1.7.2018– 25.9.2018
ЗДРУЖЕНИЕ ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА РОМИТЕ „МЕСЕЧИНА ДЕБАР“ ДЕБАР
Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите „Месечина“ – огранок Дебар е граѓанска организација формирана во 1995 година како резултат на ентузијазмот на група млади луѓе да одговорат на предизвикот за развој на ромската заедница и нејзина социјална и економска интеграција во новосоздаденото македонско општество. Развојната стратегија уште на почетокот ги постави столбовите на работа и развој на „Месечина“, а тоа се:
- Придонес кон образованието на Ромите во Република Македонија,
- Учество на Ромите во креирање на политики и донесување на одлуки;
- Заштита и унапредување на човековите права;
- Социо – економски развој на Ромите.
Конституенти
Учениците од средните и основните училишта, невработени студенти и млади Роми, локалната самоуправа, институциите во Дебар.
Наслов
Интегрирани Роми – продуктивно општество!
За што е потребна акцијата
Целта на проектот е преку активирање на младите кадри во организацијата да се обезбедат клучни информации односно податоци за ромската популација во општина Дебар кои ќе придонесат кон унапредување на состојбата на Ромите во општеството во повеќе сфери на секојдневниот живот. Точните и реалните состојби ќе помогнат во претставување на реалната слика на состојбата на Ромите во општината и ќе овозможуваат полесно прифаќање на ова етничка група како составен дел на заедницата. Прибирањето на клучните информации за ромската заедница е неодложна потреба за да се гради една нова база на податоци која ќе послужи како основен реален извор од каде ќе се исцрпат реални информации и податоци за настап во разни проекти и други активности кои се ориентирани кон промена на состојбата на Ромите во секојдневниот живот.
Цели и резултати
Цел
Зголемување на вработеноста на младите Роми и подобрување на услугите од страна на институциите во општина Дебар.
Резултати
- Формирање на база на податоци за претставниците од ромската заедница во Дебар;
- Зголемување на информираноста на учениците од основните и средните училишта како да дојдат до полесно вработување преку избор на соодветната професија;
- Зголемување на соработката со локалната самоуправа, институциите на системот, со цел да се подобри положбата на претставниците на ромската заедница во Дебар;
- Збогатување капацитетите на организацијата со млади кадри.
Активности
- Информативна средба со претставници на ромската заедница;
- Избор на тим од млади Роми за спроведување на анкета;
- Формулирање на содржината на анкетите и печатење на прашалници;
- Реализација на процесот на анкетирање според утврдените критериуми;
- Состанок со стручната служба на училиштето со учениците Роми од основните училишта во градот на тема ,,Избирај професија која овозможува брзо и квалитетно вработување“;
- Работилница со млади од средните училишта и студенти на тема „Вработувањето примарно – размисли при изборот на професијата“;
- Печатење на „Анализа и препораки од истражувањето за потребите на Ромите во Дебар – 2018“.
Буџет: 214.300 МКД
Времетраење: 1.7.2018– 15.9.2018
ЦИВИЛ- ЦЕНТАР ЗА СЛОБОДА
„Цивил – Центар за слобода“ е непрофитно и невладино национално граѓанско здружение, активно во полето на човековите права, мирот и контролата на оружје, основано на 25 ноември 1999 год. Неформално, организацијата е активна од 1996 год. Организацијата спроведува изборен мониторинг од 2008 година, воведувајќи нови, високо ефективни методологии на набљудување и граѓанска едукација за гласачкото право.
Во потрага по својата визија, мисијата на Цивил е активно промовирање и одбрана на човековите права и слободи; одржлив мир и придонес кон процесите на помирување; креирање планови за ефективна контрола на оружје; социјална правда и слобода на говор.
Цивил е активен на регионално и меѓународно ниво и има спроведено над 100 проекти, вклучувајќи и бројни кампањи за јакнење на јавната свест на национално ниво, масовни јавни настани, итн. Организацијата ужива голема видливост и доверба од сите заедници во земјата. Позната е по своите уникатни и сеопфатни методи.
Конституенти
Сите граѓани на Република Македонија.
Наслов
Патриотизам – ДА, национализам – НЕ!
За што е потребна акцијата
Клучно прашање со кое ќе се занимава проектот е фактот дека национализмот има уништувачки ефект врз интегративните процеси и врз целата земја воопшто. Проектот се спроведува во извонредно важен и деликатен момент за земјата, со оглед на фактот дека во тек е засилен процес на решавање на спорот со името, како и крупни чекори во поглед на ЕУ и НАТО интеграциите.
Цели и резултати
Цел
Целта на проектот е да се објасни разликата меѓу патриотизмот и национализмот и да се прикажат придобивките и последиците од национализмот, со што ќе се придонесе кон зајакнување на соживотот, подобрување на односите со соседите и кон забрзување на евро-атлантските интегративни процеси на Македонија.
Резултати
Со овој проект во кој ќе има 120 содржини и активности, Цивил јасно ќе ја прикаже разликата меѓу патриотизмот и национализмот. Граѓанките и граѓаните ќе добијат уникатна можност да проследат и да бидат дел од јавен дијалог, ќе се едуцираат и ќе им се даде можност да придонесат кон надминување на последиците од национализмот.
Активности
- Граѓанките и граѓаните говорат;
- Интервјуа со јавни личности, експерти и претставници на граѓанското општество;
- Мислења, ставови и анализи;
- Односи со јавноста;
- Јавна презентација и дискусија „Патриотизам – да, национализам – не!“.
Буџет: 400.000 МКД
Времетраење: 1.7.2018– 30.9.2018
ПЛАНИНСКА СЛУЖБА АЗОТ
Планинската служба Азот е формирана од членови на Планинарското друштво „Чеплес“, кое делува во областа Азот, а воедно матична база им е планинарскиот дом Чеплес и Солунска Глава. Поради настанувањето на повреди на планинари, губење во природа и заталкување, како и пружање помош во такви случаи, членовите на планинарското друштво се мотивираа и основаа ново здружение кое ќе делува во тој дел на Јакупица и областа Азот.
Мисијата и визијата на ПС Азот е да се зголеми безбедноста на планинарите и посетителите на Јакупица и Солунска Глава со формирање на тим кој ќе обезбеди сигурност за посетителите.
Конституенти
Љубители на природата и планинари.
Наслов
Формирање на тим за помош на планина
За што е потребна акцијата
Безбедноста и сигурноста на посетителите на планината Јакупица е врвен приоритет, од аспект на досегашните искуства со повреди или заталкување на посетители за кои не можело благовремено и соодветно да се реагира, како и заради непостоење на опрема и обучен тим.
Зголемувањето на безбедноста се очекува да има соодветен ефект врз зголемување на бројот на посетители на планината и оттука е неопходно спроведување на превентивни мерки за едукација на посетителите за безбедно планинарење и зачувување на природата.
Цели и резултати
Цел
Формирање на спасувачки тим и обезбедување прва помош за време на планинарењето на Јакупица.
Резултати
- Зголемена безбедност и сигурност на планинарите и останатите посетители на Јакупица;
- Зголемување на бројот на посетители на планината и подигнување на свеста за безбедно планинарење;
- Превентивно делување за подигање на еколошката свест за заштита на животната средина и зачувување на убавините на планината Јакупица.
Активности
- Формирање на тим за спасување и пружање на прва помош при планинарење на Јакупица;
- Креирање и поставување информативни табли за планинарење и обележување на патеки.
Буџет: 400.000 МКД
Времетраење: 2.7.2018– 1.9.2018
ЗДРУЖЕНИЕ – БАЛКАНСКИ ИНСТИТУТ ЗА РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА (БИРС)
Балкански институт за регионална соработка (БИРС) е невладина и непартиска организација, целосно независна со своето функционирање, со седиште во Тетово.
Визијата на организацијата се изгради на отворен концепт за поттикнување, промоција и афирмација на регионалната соработка во духот на најдобрите европски вредности, во целиот спектар на функционирање на граѓанските организации за вистинито демократско општество. Визијата на БИРС е изградба на слободно, еднакво и толерантно општество која целосно функционира врз демократски принципи.
Мисијата на организацијата е да создава широка рамка на соработка на национално и регионално ниво за промовирање на отворен дијалог, со сите организации и други општествени актери кои се стремат за демократски вредности. БИРС има за мисија поттикнување на граѓански иницијативи во определени области за да ги зајакне суштинските димензии на демократскиот живот, кои се поврзуваат со слободата на медиумите, транспарентноста, доброто владеење и целата рамка на човекови права.
Конституенти
Граѓанските организации, државните институции, локалното население, медиумите.
Наслов
Подигнување на јавната свест за прогласување на Шар Планина за национален парк
За што е потребна акцијата
Шар Планина може да биде спасена од комплетно уништување единствено преку прогласување за национален парк. Последните години сведоци сме на неконтролиран лов, сеча на дрва и градба на објекти кои сериозно го загадуваат пределот. Декларацијата за национален парк веќе долго време се предвидува во урбанистичките планови и оваа иницијатива е стара повеќе од 10 години. Сепак, иницијативата не е влезена во правна постапка со цел да се финализира. Речиси секоја година, на падините на планината се појавуваат нови нелегални објекти кои го доведуваат во прашање целиот екосистем на регионот. На косовската страна, Шар Планина е прогласена за национален парк уште од 1983 година.
Цели и резултати
Цел
Да се зголеми свеста на граѓаните за итноста на прогласувањето на Шар Планина за национален парк.
Резултати
- Креирање реална слика за масовното уништување на планината и подигнување на свеста
- Ефективно финализирање на иницијативата од страна на институциите за Шар Планина да стане национален парк.
Активности
- Истражувачки документарец.
- Видео клипови за подигнување на свеста.
- Завршна конференција.
Буџет: 300.000 МКД
Времетраење: 2.7.2018– 15.9.2018
ЗДРУЖЕНИЕ НА СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ НА ГРАД СКОПЈЕ
Здружението на социјални работници на град Скопје со своите активности во сферата на социјалната заштита е значаен фактор што придонесува за остварување на активности во подрачја каде што државата не е во состојба да делува, а кои можат да придонесат за намалување на економските и социјалните проблеми. Стратегија на здружението е помагање на граѓаните кои се наоѓаат во состојба на социјален ризик, унапредување на стручните знаења на социјалните работници и лицата кои сакаат да ги усовршат своите знаења во одредени области.
Визија: Континуирано унапредување на професионалните капацитети и знаења на социјалните работници што ќе им овозможи да се во тек со достигнувањата и методите на работата во областа на социјалната заштита, со цел активно вклучување во унапредување на социјалната заштита и политика во државата.
Мисија: Помагање на граѓаните кои се наоѓаат во состојба на социјален ризик, подготовка на стручни помагала за унапредување на социјалната работа, следење на трендовите на социјална работа во другите земји, иницирање на нови форми на социјална заштита и социјална работа во склад со појавата на социјалните состојби.
Конституенти
Државните институции кои работат на полето на спроведување на Законот за семејно насилство, НВО секторот кој работи на полето на семејно насилство и граѓаните кои се засегнати со овој проблем.
Наслов
Предизвици и дилеми во спроведување на Законот за семејно насилство
За што е потребна акцијата
Суштината на Законот за семејно насилство предвидува одговорно и должно постапување и меѓусебна соработка на институциите и здруженијата како и превенција и заштита. За време на постапките, вработените во институциите се должни да постапуваат итно и со должно внимание на интересите и потребите на жртвата. Од досегашната примена на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство во пракса спроведувачите се соочуваат со низа проблеми поврзани со неговата ефикасност како и координативна работа на институциите. Медиумите, граѓаните и невладините организации кои работат на оваа проблематика се незадоволни од спроведувањето на Законот, како и од недостатокот на соодветна статистика за жртвите. Тоа ја потенцира потребата од анализа на досегашното функционирање на Законот и работата на институциите.
Цели и резултати
Цел
Мониторинг, анализа, координација и план помеѓу институциите за спроведување на Законот за семејно насилство.
Резултати
- Добиени информации за преземените мерки и начинот на работа од страна на институциите;
- Споделување на искуства на лицата од институциите од другите градови низ Македонија;
- Подобрена комуникација помеѓу институциите;
- Подобрена меѓусебна соработка на институциите и НВО секторот;
- Дадени препораки за унапредување на начинот на планирање и спроведување на политиките, мерките и квалитетот на социјалните услуги.
Активности
- Спроведување подготвителна фаза, во која сите предвидени учесници и одредени електронски и печатени медиуми ќе бидат информирани за планираните активности на проектот;
- Организирање на три форуми со претставници од локалната самоуправа, центрите за социјална работа, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и наука, Министерство за правда, невладините организации, Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет.
- Печатење на конечен извештај од заедничката работа, соработка и постигнатите резултати, како и предлагање на конкретни активности кои ќе бидат преземени за семејно насилство, постапување со жртвите и сторителите.
Буџет: 200.000 МКД
Времетраење: 1.7.2018– 15.9.2018
ЦЕНТАР ЗА РОМСКА ЗАЕДНИЦА „ДРОМ”
Ц.Р.З. „ДРОМ“ како невладина и непрофитна организација е формирана во 1997 год. на иницијатива на млади ромски интелектуалци поттикнати од проблематиката на ромската популација што трае со векови.
Визија на организацијата е општ напредок на Ромите, подигната свест и интеграција во општеството преку нивно зајакнување и претставување како рамноправни граѓани во Р. Македонија и надвор од неа.
ДРОМ своите клучни приоритети ги става во две категории: добро владеење и човекови права.
Конституенти
Целната група на проектот се сите граѓани на Општина Куманово со фокус на ранливите групи на граѓани: лица со попреченост, невработени лица помали од 35 години и лица од социјално загрозени семејства.
Наслов
Престани да бараш работа, вработи се !
За што е потребна акцијата
Преку апликацијата „Solenet DROM“, компаниите кои имаат потреба од нови вработувања полесно ќе можат да стапат во контакт со барателите на работа и обратно, бидејќи самата апликација ќе нуди можност за пребарување. Апликацијата ќе претставува поврзување помеѓу работодавачите и лицата што бараат работа. Истата ќе биде од голема важност за Куманово и ќе придонесе кон задоволување на понудата и побарувачката на пазарот на трудот.
Цели и резултати
Цел
Зголемена вработливост на сите граѓани на Куманово со фокус на ранливите групи на граѓани: лица со попреченост, невработени лица помлади од 35 години и лица од социјално загрозени семејства и нивно вклучување на пазарот на трудот преку советување и поврзување со компании даватели на работа во Куманово.
Резултати
- Развиена меѓусекторска соработка
- Промоција на апликација „Solenet DROM“
- Формирана база од корисници на апликацијата
Активности
- Остварување на соработка помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) и Ц.Р.З ,,Дром“ Куманово;
- Воспоставување на соработка со фирми;
- Насочување на лица од целната група од страна на АВРМ во просториите на ЦРЗ „ДРОМ“ за нивно полесно интегрирање на пазарот на трудот;
- Кариерно советување на лица баратели на работа припадници на целната група и поврзување со компании даватели на работа;
- Промоција на апликацијата на локални компании и нивно вклучување во истата.
Буџет: 399.500 МКД
Времетраење: 2.7.2018– 15.9.2018
ИНСТИТУТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА (ИЧП)
Институтот за човекови права (ИЧП) е здружение на граѓани основано на 1 јуни 2009 година од страна на правни практичари (поранешен судија на Европски суд за човекови права и сегашен судија, јавни обвинители во пензија, судии на Врховниот и Уставниот суд на Република Македонија во пензија, членови на државни институции и комисии и други еминентни правници) со цел собирање на теоретското знаење и практичното искуство, и нивно понатамошно искористување за подобрување на состојбата на почитувањето на човековите права во РМ.
ВИЗИЈА: Институтот за човекови права е кредибилен и препознатлив чинител за целосно обезбедување, промовирање, унапредување и заштита на човековите права и слободи
МИСИЈА: Обезбедување, промовирање, унапредување и заштитата на човековите права и слободи преку истражување, анализа, едукација и други начини на дејствување.
УНИКАТНОСТ: Симбиоза на знаење и искуство во областа на човекови права и слободи и ентузијазам во спроведување на визијата и мисијата.
Конституенти
Помали граѓански организации кои се активни во следниве пет под области на човековите права: социјални права, работнички права, право на еднаквост и недискриминација (ЛГБТИ и други маргинализирани групи), право на изразување и слобода на медиуми, како и право на здрава животна средина.
Наслов
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ПРИСТАПОТ ЗАСНОВАН НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА (HRBA) – ОСНОВИ
За што е потребна акцијата
Четирите граѓански организации (апликантот и соработниците) подолго од една година се исклучително активни како неформална платформа во областа на човекови права и доброволно истражија кои се најважните потреби на помалите граѓански организации од сите плански региони во РМ.
Анализа на проблемот:
а) Вкупно 60% од граѓанските организации од групата грантисти на Цивика Мобилитас не се запознаени со Пристапот заснован на човекови права (HRBA), дури 76% од нив не ги применуваат неговите принципи при планирањето и спроведувањето на програмите и активностите, а 73% не прават анализа како нивните активности ќе влијаат на човековите права;
б) Вкупно 49% од нив не одржуваат активности за зголемување на познавањето на нивните вработени и членови за човековите права, а 76% не побарале надворешна експертиза за тоа;
в) Истражувањето покажа дека најитна потреба за надворешна експертиза има за подобластите: социјални права, работнички права и право на недискриминација (особено ЛГБТИ и правата на лицата со попреченост), а потоа следат правото на здрава животна средина и правата на децата.
г) Околу половина од нив ја оцениле со оценка три (на скала од еден до пет) свеста и вниманието на домашните донатори насочено кон човековите права при воспоставување на критериумите, а таа оценка е со нешто поголем процент во однос на меѓународните донатори.
Цели и резултати
Цел
Да се придонесе кон создавање на овозможувачка околина за зголемена примена на пристапот заснован на човекови права во граѓанскиот сектор како институција.
Резултати
- Поширока запознаеност со пристапот заснован на човекови права (HRBA) преку дистрибуиран е-Прирачник на три јазика (македонски, албански и ромски);
- Обезбедена основа за практична примена на пристапот заснован на човекови права преку партиципативно искористена надворешна експертиза;
- Зајакнати капацитети на 20-30 граѓански организации со одржана пилот обука за HRBA;
- Зголемена свест и внимание на донаторите насочено кон човековите права при воспоставување на критериумите во јавните повици.
Активности
- Изработка на е-Прирачник
- Спроведување на една еднодневна пилот обука
- Дистрибуција на е-Прирачник до голем број на организации во сите осум плански региони.
Буџет: 160.000 МКД
Времетраење: 1.7.2018– 15.9.2018